16 Мај, 2024
0.0242

Da-hong Pao е најскапиот чај на светот кој се третира како национално богатство – погледнете зошто!

Објавено во: Стил 14 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Во различни области во светот  растат различни чаеви, кои покрај вкусот и аромата имаат и богата историја. Индија, Кина и Шри Ланка се трите земји во светот  кои ги произведуваат најквалитетните чаеви. Darjееling чајот е познат во целиот свет по својот специфичен вкус и боја. Со локација во Индија, расте во подножјето на источниот дел на Хималаите, на надморска височина од 600-900 метри . Овој чај  кој содржи и примеси на сребро (кој е патентиран производ на имотот Makaibari) има цена од  400 долари за килограм. Кинескиот чај Guаn Yin, кој во превод значи Челичната божица на милоста , се продава по цена од 1.500 долaри за килограм. Овој чај е мешавина од зелен и црн чај. Негова важна карактеристика  е тоа што може да се вари седум пати пред да ја изгуби својата арома. Da-hong Pao чајот во превод значи „голема црвена наметка‘‘. Според легендата, тој е зачуван уште од времето на Династијата  Минг, а има и медицинска употреба. Овој чај се третира како национално богатство и се нуди на важни личности како национален подарок. Невозможно е да се најде во продажба, а цената може да достигне и до 1.250.000 долари за килограм. Кесичките за чај долго време се користат за правење и сервирање на чајот. По повод 75 години од нивното постоење, една од најпознатите компании во Велика Британија којa се занимава се производство на чај, ја лансира дијамантската кеса за чај која се продава за 15.000 евра. Оваа скапоцена кесичка содржи 280 дијаманти со висок квалитет.