19 Мај, 2024
0.0302

ДА ИМААТ ВИСОК УГЛЕД И КРЕДИБИЛИТЕТ, НО И ДЕТАЛНА ПРОГРАМА - еве што треба да исполнат тие што ќе се пријават на огласот на СДСМ за градоначалници

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемата владејачка партија, СДСМ, објави јавен повик на кој треба да се самокандидираат кандидати за градоначалници за претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен. 

Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ, на денешната прес конференција рече дека СДСМ како најголема, најдинамична и најорганизирана партија започнала со креирање на најдобрата понуда за претстојните локални избори.

„Со граѓаните, на маалски и урбани средби, преку граѓански трибини, го презентираме она што досега сме го сработеле на централно и локално ниво. Но, истовремено го слушаме и гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби кои ќе ги преточиме во програмски решенија. Паралелно со овие активности, во тек е внатрепартиска постапка за номинирање на кандидати за градоначалници и советници во општините и Градот Скопје од редовите на СДСМ. Нашата цел е да ги избереме најдобрите кандидати за секоја општина. Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори“, рече Попов.

Повикот со сите детали е достапен на веб страната на СДСМ уште од денеска, а од утре излегува и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик.

Од СДСМ велат дека се отворени за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, и да бидат дел од најдоброто.

„Со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ“, рече Попов за тоа кои услови треба да ги исполнуваат кандидатите.

„Дел од новитетите е што од секој кандидат бараме да достави и Детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или град Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ“, рече Попов.

Тој вели дека во СДСМ како демократска, отворена, инклузивна партија има натпревар на идеи и програми.

„Низ транспарентен, демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати, најдоброто за секоја општина. Заедно ќе спроведеме евалуација, ќе следуваат и истражувања на јавното мислење, за да се провери и рејтингот на кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

СДСМ продолжува да поставува нови стандарди на партиско дејствување се демократизираме уште повеќе, за уште повеќе да го демократизираме целото општество. Тоа е она што нè одвојува од останатите партии, тоа е она што граѓаните го препознаваат“, рече Попов.

Според него, СДСМ е убедлив фаворит и на претстојните локални избори, затоа што и овој пат ќе ја ималеме најдобрата понуда.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична