15 Мај, 2024
0.0259

„ДА НЕ КАЖАТ ЕВЕ ГО ВИЦЕПРЕМИЕРОТ САКА ДА ИМ НАПРАВИ НЕГАТИВНА КАМПАЊА“: Битиќи затоа не излегол на инспекција во маркетите за да види колкаво е покачувањето на цените

Објавено во: Економија, Македонија 12 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Ако рацете на политичките партии и на политичарите бидат настрана од бизнисот, сметам дека самите компании и бизнисмени ќе се однесуваат етички и нема да го направат тоа што одредени политички кругови би сакале да го имаме, порача вицепремиерот за економски прашања во техничката Влада Фатмир Битиќи синоќа во емисијата 360 степени на МРТ. 

Според него, по завршувањето на мерката „гарантирани цени“ има зголемување на цените во одредени ланци на маркети за одредени основни продукти, кое, како што рече, не е големо и се држи на ниво под 10 проценти, некаде е 2 до 3 проценти, некаде 6 до 7 проценти.

Како што истакна, „лекот“ за се е законот за забрана за нефер трговски практики, што веќе 2,5 месеци е во Собрание.

-Достигнавме да покажеме дека однесувањето на сите помага во скротување на инфлацијата. Ние веќе неколку месеци по ред имаме намалување на инфлацијата. Последниот месец таа беше на ниво од три отсто и нè враќа полека на нормалните стапки на инфлација. Затоа, ако имаме совесно однесување на сите чинители во општеството и притоа, овде морам да кажам и првпат ќе го кажам, рацете на политичките партии и на политичарите бидат настрана од бизнисот, сметам дека самите компании и бизнисмени ќе се однесуваат етички и нема да го направат тоа што одредени политички кругови би сакале да го имаме. Имам чувство дека некогаш сакаме да направиме одредени работи и против себеси само да покажеме дека другите не се моќни да ја контролираат целата состојба, рече Битиќи, одговорајќи потврдно на прашањето „Сакате да кажете дека има партии кои имаат интерес во предизборието цените да се качат?“.

Битиќи порача дека не би требало да има поскапување во ситуација на намалување на берзанските цени за 30 проценти. 

-Во овој момент цените на суровините на берзите се намалени за скоро 30 проценти и во таква ситуација  не може да се очекува дека за 30 проценти ќе растат цените, рече Битиќи. 

Појасни зошто не ја  реализирал најавата за посета на меркети за викендот во тек на која во придружба на медиумите требаше да утврди дали има енормно зголемување на цените по завршувањето на мерката „гарантирана цена“ посочувајќи дека во петокот добил информација дека два маркета излегле со соопштение дека до 15 мај ќе ги остават цените на истото ниво како гарантираното. 

- Како што не сакав да ги кажам овие два ланци на маркети по имиња за да не ги фаворизирам, не сакав да се случи да отидам и да ја видам состојбата на зголемување на  цени па тој ден сите да видат каде има зголемување на цени, па да не кажат еве го вицепремиерот сака да им направи негативна кампања, рече Битиќи. 


Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?