ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Белгија воведе забрана затоа што кај нас бројот на заболени расте
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Јули, 2020
Белгијците нема да може да патуваат во земјава.
Белгија забрани да се патува во Македонија поради коронавирусот.
По повеќе дена преговори, Белгија ја објави својата листа на дозволени дестинации за своите граѓани, на која не се наоѓа нашата земја, јави МИА од Брисел.
Со ова Белгија ја следи и препораката на Советот на ЕУ кој на 30 јуни објави препорака до сите 27 земји членки за отворање на границите.
Но, Белгија дури денеска го соопшти конечниот договор.
Се наведува дека епидемиолошката состојба е лоша во земјава од јуни наваму, и дека бројот на заболени од Ковид - 19 расте.Во Македонија денес има нови 168 заразени, а најголем дел од нив се од Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.