08 Октомври, 2024
0.1236

„ДА ПОЛЕТАМ“ ЈА ПЕАМ ЗА МОЈОТ ПОКОЕН ТАТКО: Интервју со Слаткаристика

Објавено во: Стил 01 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Тој е феномен откако се појави на македонската музичка сцена. Рапува од срце, раскажува без цензура, пцуе гласно и критикува без страв. Околу Марко Маринковиќ- Слаткар за брзо време се создаде еуфорија. Го обожаваат тинејџерите, а сега веќе им стана симпатија и на нивните родители. Од пред четири години, Слаткаристика е среќно женет човек, со неговата менаџерка и соработничка, поранешна Мис на Македонија Сања Николиќ. На неговата Сања, тој и ја посвети песната „Кажи да“. Со неа ја побара за жена, а го изиграа и првиот танц на свадбата. Покрај сите вистините приказни во неговите текстови, како најемотивен остана да се помни оној од баладата „Да полетам“.  „Горд сум на успехот, чале ми е домец. Немал ни мајка ни татко, рамо за плачење, совет. Понекогаш сум среќен за мојот топол дом, со Че го имаме она што никогаш го немал он“, се дел од стиховите во оваа песна. 

Слаткар за „Женски магазин“ зборува за својата музика, за Сања, но и за тоа дека песната „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна за покојниот татко, а целото интервју читајте го тука.