07 Октомври, 2024
0.0255

Да се љубиме дур живи сме

Објавено во: Стил 08 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Една од најубавите песни кои сум ги напишала е токму за љубовта која треба да ја имаме и живееме додека сме на овој свет. Оти после, откако ќе нѐ нема сѐ е џабе. И нашето опејување некаде, восхитот, жалењето и оплакувањето. Откако матната ќе однесе човечки живот, џабе се муабетите во кои ќе се зборува надолго и нашироко кој каков човек бил или колку во последно време не бил свој во комуникација. Жал ми е што одвреме навреме повторно се навраќам на оваа тема и што за моја уште поголема жал, имаме и за што да зборуваме.

Жал ми е што медиумите во потрага по сензации, не научија што значи респект кон нечија смрт и нејзиниот удар врз семејството на починатиот. Шпекулациите станаа храна во ова парче земја во кое со денови ќе се преџвакуваат деталите и секој ќе додава нешто свое, за после неполн месец сите да си го тераме нашиот филм, воопшто не помислувајќи дека шокот останува кај најблиските до крајот на нивниот живот. Бомбастичните вести, со уште побомбастични наслови за да привлечат кликови и читања станаа репер за онаа вечна битка чиј портал или весник ќе е најчитан.

Целата колумна ма Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни