17 Мај, 2024
0.0264

ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ: Работниците бираат повеќе пари, наместо сигурност!

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Во услови на висока стапка на невработеност, граѓаните во земјава повеќе би сакале да работат со нерегулиран работен статус а да земаат повисока плата, отколку да имаат регулиран статус но пониска плата, ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање политики. Според истражувањето над 21, отсто од одговориле дека ќе прифатат да работат како непријавен работник ако им се понуди повисока плата, отколку како пријавен работник со пониска плата.Причината налитичарите ја лоцираат во лошата финансиска состојба на граѓаните. -Ова мислење се чини дека е во голем степен поврзано со финансиската состојба на поединецот или семејството. Лицата кои се оценуваат како сиромашни, почесто бираат повисока плата без осигурување отколку пониска плата со социјално осигурување, во споредба со оние кои се окарактеризирале деја се средна или богата класа. Перцепирано преку семејните приходи, испитаниците со месечен приход од 5.000 до 10.000 денари беа повеќе подготвени да прифатат непријавена работа, отколку оние со приход над 20.000 денари.Ова оди во прилог на аргументот дека проблемот на непријавената работа е во голема мера поврзан со високите ниова на сиромаштија и всушност е механизам за справување кој го користат лица кои се обидуваат да преживеат со заработката која ја остваруваат, се посочува во истражувањето на ЦИКП. Според послдните податоци од т.н лаекен индикатори на Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштија во 2012-та година изнесувала  26,2% и во однос на 2011- та година  се намалила за 0,6%. Но во исто време, Заводот за статистика ја намали стапката на сиромаштија во 2011 та со образложение дека податоците се ревидирани. Податоците покажуваат дека во Македонија има 540 илајди лица што живеат под праг на сиромаштија. Загрижува податокот што се продлабочува сиромаштијата кај многудетните семејства и кај вработените. Од ЦИКП во истражувањето посочуваат дека освен нивото на сиромаштијата, дополнителна агрументација за прифаќање на непријавена работа може да е и фактот што државните системи за осигурување се несигурни, бидејќи така се изјасниле најголем дел од граѓаните, односно 56,4 отсто. Само 20, 7 отсто од испитаниците веруваат во сигурноста на државните систмеи за осигурување. -Оттаму тие повеќе би сакале времена сигурност која доаѓа со повисока платанаместо резервирани ветувања за подоилготрајна сигурност кои се темелат на јавниот систем на осигурување. Ова уште еднаш ја потврдува важноста на довербата во иснтитуциите и системот воопшто како форма на “ психолошка спогодба” помеѓу граѓаните и државата, што е важно за даночниот морал, се наведува во истражувањето. Една третина од граѓаните дел од платата ја земаат во кеш Според податоците од истражувањето дури една третина од граѓаните лани дел од платата ја земале во плико во кеш. Испитаниците се изјасниле дека поголемиот дел од платата лани го земале преку трансакциска сметка, а остатокот кој се движел од 30 до 100 евра им се исплаќал во готово. Оттука се поставува прашањето на која основица се уплаќаат придонесите? Над 27 отсто од анектираните одговориле дека нивните придонесите ин се уплаќале на  износот на минимална плата( која лани изнесуваше 143 евра) иако нивната реална плата била повисока. Над  6 отсто изјавиле дека основицата е износот наведен во договорот за работа иако платата им била повисока, а 44,1 отсто се изјасниле дека придонесите им се пресметуваат врз основа на реално добиената плата. -Во однос на нецелосните уплати на социјалното осигурување, во комбинација со фактот дека 7 отсто од испитаниците (скоро без исклучок во приватниот сектор) изјавиле дека воопшто не им се уплаќа за социјално осигурување, индицира дека платата на околу 40 отсто од вработените со основно вработување е делумно или целосно непријавена, стои во истражувањето. Скоро половина од испитаниците или 48 отсто навеле дека имаат засновано работен однос во вид на основно вработување. Од нив голем дел или 84 отсто имаат пишан договор за работа со работодавецот, околу 7 отсто изјавиле дека работата без договор, а 9 отсто дека се самовработени. Во истражувањето се посочува дека најчесто оние кои работата без договор се вработени во приватниот сектор. Кај интервјуираните работодавци( сите од приватниот сектор) во анкетата потврдиле дека во секторот во кој работата има работници без договор, иако проценките вариаат и се движат од 5 до 50 отсто од работниците. Една третина одговориле дека ова се случува постојано или во најголем број од случаите, 30 отсто тврделе дека ова понекогаш се случува, а една четвртина дека не се случува во нивниот сектор. Во истражувањето се посочува дека непријавената работа е една од главните манифестации на скриената економија која влијае врз лица од различни социо-економски опкружувања. -Како земја- кандидат за влез во Европската Унија, со стапка на невработеност од 28,2 отсто, некои истражувања сметаат дека на непријавената економија отпаѓа околу 34,9 отсто од бруто-домјашниот производ. Македонија започна да се занимава со прашањето на создавање институционална рамка за борба со непријавената работа под водство на Министерството за труд и социјална работа и Државната инспекција за труд како главен орган за спроведување на политиките. Постојат и други владини органи кои се вклучени во овој процес и кои се неотуѓив дел од оваа мрежа на политики и мерки како што е Агенцијата за вработување, Советот за инспекциски надзор и Управата за јавни приходи. Сепак засега координацијата, меѓуагенциската поврзаност и меѓусебната поделба на податоците помеѓу нив е незадоволителна, се посочува во истражувањето. Истражувањето покажало дека градежништвото, угостителството и услугите што се вршат по домовите се најчестите сектори во земјава каде има скриена економија, избегнување на плаќање даноци и и непријавен труд, од што Македонија губи стотици милиони евра. -Даночната евазија (избегнување на плаќање даноци), е проценета на околу 7,9 проценти од бруто-домашниот производ на Европската унија, а тоа се сведува на околу еден трилион евра. За Македонија ако го аплицираме истиот процент, значи ако најмалку даночната евзаија е околу 7,9 проценти, тоа е околу 700 милиони евра, кои што превод се околу седум годишни буџети на министерство за здравство, значи ова министерство би имало буџет до 2022 година, вели Емил Шурков, од Центарот за истражување и креирање на политики. Според податоците од УЈП, има пораст на бројот на даночните обврзници, односно ако во 2007 година имало 77.014 во 2014 бројката изнесува 237.399. За сузбивање на сивата економија и справување со избегнувањето на плаќање даноци, ескпертите укажуваат дека се потребни длабински анализи за да се видат кои се причините за постоењето на сивата економија во Македонија, да се подобри координацијата помеѓу институциите и да се засилат инспекциските контроли. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА