Да се здружиме и да и помогнеме: Јана со години се бори со редок вид на канцер
Објавено во: Стил 18 Септември, 2019 13:49
Има 33 години, две трансплантации на матични клетки, многу хемотерапии зад себе.
Јана од Охрид веќе 4 години боледува од редок и многу агресивен вид на рак кој од никако да се ослободи.
Силните болки во ногата на која има изгореници од зрачењето ја врзале за кревет веќе 8 месеци а таа се бори со болеста кажувајќи си молитви навечер и насабајле и заблагодарувајќи му се на Бог за секој нов ден.
За да се спаси од најтешката битка во животот, Јана двапати се лекувала во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување а третиот пат е одбиена.
Не е познато зошто Фондот одбил да и одобри средства за да го продолжи лекувањето во Германија од каде и предлагаат да прима имунитерапија со антитела кои ги уништуваат малигните клетки, но тоа чини многу пари, првично околу 80.000 евра.
-Бев одбиена и поднесов жалба и жалбата ми ја одбија врз основа на тоа дека осигуреникот, односно јас сум дел од медицинска студија, а тоа навистина не е точно. Професорката се обиде да најде студија и да ме стави , меѓутоа не можеше да најде бидејќи сите студии се за деца, затоа што е ова детска болест-раскажува Јана во стријата за АлфаТВ.
Управниот суд сеуште не се произнесол по тужбата на Јана, веќе 2 месеци нема епилог, а доколку сте хумани можете да донирате за Јана на телефоните подолу:
T-Mobile: 143 143
А1: 143 467
За донации од Македонија:
Жиро-сметка: 5305-0001-0490-410
Банка: Охридска Банка
За донации надвор од Македонија:
IBAN: MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22
Адресата на Јана, за банкарските трансакции е:
Јана Арсовска,
ул. Ѓорче Петров 14 г
6000 Охрид, Македонија
Можете да донирате и на следниот линк:
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





