09 Декември, 2025
0.1703

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2025 09:58

Добивај вести на Viber

Дел од кројачите и шивачите во земјава се задоволни, а некои велат дека оди сѐ потешко. Повеќето се соочиле со истата ситуација, луѓето бараат кројачи и шивачи кога им требаат поправки, а поретко шијат облека. Во поголемите градови има по неколку кројачки дуќани, а во помалите места се случува да има само еден.

„Добро оди работата. Доаѓаат муштерии и за поправки и за шиење, и за ново и за старо. Работам веќе 17 години без престан и нормална егзистенција има. Јас имам дуќан, а веројатно има дваесетина жени што работат по дома и тука има нелојална конкуренција“, вели Горан Стојчев, шивач и кројач од Неготино.

Но, сите занаетчии имаат нелојална конкуренција, односно има луѓе кои работат дома и не плаќаат никакви давачки.

„Има работа, муштериите најчесто доаѓаат за поправки. Менуваат патенти,  доаѓаат за кратење на фустани, пантолони, ракави на сакоа, стеснување на тренерки. Има неколку дуќани во Гевгелија, но имаме и високи трошоци“, вели Виолета Коцева, кројачка и шивачка од Гевгелија.

Сепак, во годината има периоди со многу работа, но и месеци кога ангажманот е минимален. Нашите соговорници додаваат дека за матурите и преку летото имаат повеќе работа. 

„Има работа за кројачите, за поправки, а за шиење слабо. Луѓето си одат во молови, одат на шопинг во соседството, нарачуваат на интернет и не им се исплати да шијат облека. Скоро никој не доаѓа да шие, освен нешто малку за матурите. Во летото повеќе се бараат поправки на парчиња облека. Доаѓаат муштерии за кратење, за стеснување, за смена на патенти, ама зависи, на јакни слабо прават поправки, оти се евтини. Еден патент е 100 денари, треба да плати на мајсторот за услугата и кога ќе се пресмета може нова јакна да си купи. Фармерки, пантолони најчесто носат за кратење. Станува сѐ потешко и потешко за нас. Мораме да мислиме за придонеси и за комуналии. Во иднина очекувам дека ќе затворат многу луѓе. Поради поевтина кирија, занаетчиите често одат на неатрактивна локација. Јас 13 години работам, ама пред 20 или 25 години имаше повеќе луѓе што одеа кај шивачи за да им сошијат гардероба. И нормално, занаетчиите ако затворат дуќан,  си бараат друга работа“, вели шивачка од Битола.

Занаетчиите велат дека има задоволни, но и пребирливи муштерии. Се трудат да ги задоволат барањата на клиентите, затоа што убавиот збор надалеку се слуша и носи повеќе работа во иднина.

„Шијат фустани за матури или за свадби. Носат идеи од интернет за тоа што сакаат да им сошиеме. Што се однесува до поправки, менуваат патенти, доаѓаат за кратење на ракави, за стеснување на фустани. За корекции цените се движат од 200 денари па нагоре. Има перспектива, ако некој сака да научи да работи. Кај мене доаѓаше едно девојче за да го учи занаетот, но по три дена се откажа. Занает не се учи, занает се „краде“, така велат. Добриот муштерија е најдобра реклама. Има и денови кога дуќанот зјае празен. Јануари е мртов период. После Нова година има работа и во лето кога доаѓаат гастарбајтерите. Кога почнав пред 8 години, имав многу работа, немав време да се свртам дома. Бев затрупана во работа, работев по цел ден за да стасам. Муштериите си имаат рокови, некој ако порачува фустан си прашува дали ќе биде готов за неколку дена и самата си планирам дали можам да стасам или не. Имало денови кога сум правела по 15 парчиња. Тоа биле денови со многу работа. Шивачот мора да има свои идеи, да даде идеја на муштеријата, а дали тој ќе прифати, тоа си е негово. Давам идеја за детаљ, за да биде поубав фустанот, а од муштеријата си зависи дали ќе прифати или не. За овој занает мора да се има чувство за естетика. Ако некој е задоволен, се случува и да почести. Нашите иселеници повеќе ја ценат работата од луѓето кои живеат тука. Овде не се цени ништо, па ни занаетот“, објаснува шивачка и кројачка од Велес.

Инаку, има цела листа на занаети кои се во изумирање и секоја година таа се надополнува со уште некој. Такви се занаетите како што се: ковач, јорганџија, крзнар, леблебиџија. Градските хроничари имаат забележано дека во минатото дел од македонските градови имале чаршии кои биле богата со секакви занаети.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Скопје ќе се украсува новогодишно за 53.000 евра

Скопје ќе се украсува новогодишно за 53.000 евра

Левица: Власта денес го полага испитот за доверба – нема простор за политички калкулации, присуство на седницата за Кочани е должност

Левица: Власта денес го полага испитот за доверба – нема простор за политички калкулации, присуство на седницата за Кочани е должност

„ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ОБЛЕКОА ДА МИ ГО ЗАГОРЧАТ ЖИВОТОТ“: Михаилов обвинува дека трпи закани

„ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ОБЛЕКОА ДА МИ ГО ЗАГОРЧАТ ЖИВОТОТ“: Михаилов обвинува дека трпи закани

Владата откажа настан на Мицкоски во Аеродром

Владата откажа настан на Мицкоски во Аеродром

МВР ЗАПЛЕНИ НАД 4300 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ШТИП - сопственикот е уапсен

МВР ЗАПЛЕНИ НАД 4300 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ШТИП - сопственикот е уапсен

НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“

НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно

За зима и за снег ќе си чекаме и понатаму, следува пролет во Македонија

За зима и за снег ќе си чекаме и понатаму, следува пролет во Македонија

ВИДЕО: „ОКАПАА“ НА ЕВЗОНИ И ДОЈРАН: Километарска колона синоќа за влез во земјава

ВИДЕО: „ОКАПАА“ НА ЕВЗОНИ И ДОЈРАН: Километарска колона синоќа за влез во земјава