05 Декември, 2025
0.0273

Да Винчи насликал две Мона Лизи

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2013 17:30

Добивај вести на Viber

Мона Лиза на славниот италијански сликар Леонардо да Винчи е најпозната слика со најпозната насмевка во светот, но се укажува на тоа дека Мона Лиза која се наоѓа во музејот Лувр во Париз не е единствена. Експертите тврдат дека потврдиле дека постои претходна верзија на сликата, откриена минатата година, која исто така е дело на Леонардо да Винчи. Таканаречениот Ајселворт Мона Лиза, која прикажува многу помлада жена, Да Винчи ја насликал неколку години порано во однос на многу попознатата верзија. Долго се веруваше дека Мона Лиза од Лувр е единствената која ја насликал италијанскиот мајстор. Меѓутоа, последните истражувања покажаа дека и другиот портрет е дело на Да Винчи. Резултатите би можеле да ги уверат експертите кои беа скептични во врска со автентичноста на сликата откриена во Женева минатата година, откако група меѓународни експерти тврдат дека сега ја потврдиле автентичноста. Врз основа на анализите на јаглен од платното, утвредно е дека сликата настанала меѓу 1410 и 1455 година, а не во 16 век како што порано се веруваше. Нема сомнение дека двете Мона Лизи ги насликал Леонардо да Винчи што јасно се гледа во потезите со четкичката, јави „Дејли Меил

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: