Да влезат во Уставот бараат и Египќаните
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2022 17:41
И Египќаните бараат влез во Уставот. Aко влезат Бугарите, бараат и тие да бидат внесени во Уставот.
Барањето е испратено и до претседателот на државата, Собранието и Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Имајќи ја во предвид мултикултурната и мултиетничката реалност на Република Северна Македонија, уставните загарантирани норми со амандманите IV, VI, VII, IX, XI и XVII од Уставот на Република Македонија, Египќаните се повикуваат и на меѓународните документи, кои Македонија ги потпишала, а некои и ги ратификувала.
„Потсетувајќи дека заедницата на Египќаните во Република Северна Македонија, е автохтона на Балканскиот полуостров, со свој артикулиран идентитет и самосвест, со значајни трагови во материјалното и духовното културно наследство, како и тоа дека припадниците на оваа заедница почнувајќи од Илинденското востание (Египаќанецот, Ковачот Мустафа од с. Лактиње ги изработил обрачите за црешовите топчиња), преку Вториот Илинден (голем број на Египќани учествувале во НОБ, а некои и ги дале своите животи), па преку Третиот Илинден (сите припадници на Египаќаните масовно учествуваа на референдумот за независност и самостојност во 1991 година), го дале својот конструктивен придонес кон развојот на нашата држава. Исто така, тогашниот пратеникот Рубин Земон, припадник на заедницата на Египќаните во 2019 година гласаше за уставните измени, како и во 2020 година за влез на Република Северна Македонија во НАТО алијансата“, пишува во барањето.Во нацрт амандманот за промена на Преамбулата на Уставот да се внеси и заедницата на Египќаните, односно да стои дел од „египќанскиот народ“. Oва пишува во барањето упатено до македонската Влада, а потпишано од проф. д-р Рубин Земон, универзитетски професор и поранешен пратеник, здружението на Египќаните во Македонија-Пирамида ЗЕМ, Арбен Демироски- претседател, здружение на Балканските Египќани во Република Македонија, Аднан Ашимоски, претседател и Асоцијација за интеграција на Египќаните „Птах 2013“ Струга, Тони Бичак, претседател.
Претходно се споменуваше дека е можно ако има внесување на Бугарите во Уставот, да бидат внесени и Хрватите и Црногорците. Но, ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека нема да поддржи со две третини во Собранието да биде изгласано внесувањето на Бугарите во Уставот.
Можеби ќе ве интересира
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија




