24 Октомври, 2020
0.0179

Да живеат маалата и дружбите пред коперација

Објавено во: Колумни 03 Октомври, 2020

Мнозинството постари скопјани (кои ги играат продолженијата 2 пати по 15 од натпреварот што се вика живот) упорно ламентираат за скопските маала од пред земјотресот-ова ли е Скопје......но да не ти било така. Ако очекуваш маалски живот како пред 50 и повеќе години си се зезнал. Овие деца живеат сосема поинаков живот на маалата сосема се други и тука е се кажано. Ние побаравме замена за тој живот од минатото во отприлика две екипи и резервни играчи пред дуќанот МАК ПЕН каде што царуваше Цобе, прекрасна личност нестварна за ова време. Локацијата е позади Митрополија кај Соборен со две клупи и малку зеленило и грмушки за разубавување на околината. Читаме весници (тазе) шмркаме кафе од автомат, кога ќе дојде време се пие пиво, а од некое време (по моја иницијатива) Цопка скришно точеше жолта, почна да сервира мезе (сардина, сиренце, колбас, варено јајце, сланинка од касапница и други потребни додатоци) за добар и пријатен муабет. Фудбал, кошарка, ракомет, кладилница, трачеви од естрада, убава музика, смеа и вицеви во големи количества...политика, партии и собраниски дискусии беа недозволени средства...не сме тука да слушаме партиски и други големи мисли на нашите водачи. Не има од различни генерации, од најстари чичко Илија и Киро, до жители од околните згради, пријатели на Цобе од Аеродром,вработени во зградата од Битола, воени службеници,случајни познаници од цело Скопје,соученици од гимназија и од факултет...и кој уште не.На сите им беше пријатно и убаво пред Мак Пен без исклучок.Тоа беше нашето ново маало,навистина сурогат но бевме тука во различен состав секој ден освен Цопка кој беше по цел ден тука.Не мислам дека му беше лесно...Се гледам со сите се поретко и поретко и сите до еден жалиме што врталиштето го нема.....Цобе си замина –со себе однесе здравствен проблем и убави спомени за секој од нас....не можам да не се присетам само на една од безбројните анегдоти што произлегоа во живо на радост и урнебесно смеење на клупите пред дуќанчето кое доби и коњопој(као у кафиќ). Налета од некаде Марко Илкоски мој колега струја од човек-секогаш брза и нема време за вакви бадијалчења......дотури му на кардашов од ракијата му вели на Цобе, а на другите дај им по една...брзам дај да ти платам.Ја се бунам и му велам не е ова кандило па да дотураш зејтин! Киро молчи само што беше дојден од Централ (Бог да го прости) и гласно коментира....шприцер не се доправа и жена не се доебуе, а ракија се дотура.....го испи пивото се поздрави и замина во зградата на починок...Добив деновиве покана за дружба со мак-пеновци...едвај чекам да ги сретнам и видам,кој знае како ќе биде натаму....но што е тука е...

Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Фантазмагориите и митологијата на еден историски феникс: ВМРО

Фантазмагориите и митологијата на еден историски феникс: ВМРО

Русија се подготвува за новата политичка реалност

Русија се подготвува за новата политичка реалност

Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои

Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои

Колумна на Глигор Бишев: Солидарноста и пазарната економија

Колумна на Глигор Бишев: Солидарноста и пазарната економија

По повод празникот......

По повод празникот......