Дачиќ: Ако Косово може да влезе во УНЕСКО, може и „Исламска држава“
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2015 12:05
Приемот на Косово во „УНЕСКО“ би било апсурдно и катастрофално за светската организација. Тоа е исто како некој да предложи „Исламска држава“ да стане членка. Тоа го изјавил српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, пренесоа локалните медиуми.
„Четири од српските светилишта во Косово се прогласени за светско културно наследство од страна на „УНЕСКО“ и тие се во опасност. Од кого е оваа опасност? Тоа е исто како некој да ја предложи „Исламската држава" за членка на УНЕСКО“, изјавил Дачиќ.
Според него Албанија го поставила членството на Косово во агендата надвор од стандардните процедури, а гласањето на Извршниот одбор на УНЕСКО се врши со мнозинство гласови.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




