Дачиќ тврди дека Хрватите ги „кочат“ разговорите
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2016
Српскиот министер за надворешни работи во техничката Влада, Ивица Дачиќ вели дека Хрватска со години ги опструира разговорите за отворените билатерални прашања и Загреб бара тие разговори да се подигнат на политичко ниво.
Дачиќ во изјава за „Данас“ вели дека комисиите, кои требало да разговараат за проблемите во односите меѓу двете земји се формирани пред неколку години, но не работат. На прашањето зошто не работат, Дачиќ одговори дека Хрватите ја опструираат работата со аргументација дека тоа не можат да го решат комисии, туку дека разговорите мора да се подигнат на политичко ниво. За тоа дали во меѓувреме се сретнале државните секретари во министерствата за надворешни работи или замениците-министри, Дачиќ објаснува дека средби уште не се одржани.