Дачиќ потврди: Србија има „звучен топ“, ама не го користеше во саботата
Објавено во: Балкан 19 Март, 2025 13:01
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за порталот Данас изјави дека полицијата поседува звучно оружје наречено уште „звучен топ“ и дека овие системи кои се купени во 2021 година се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, откако бројни српски граѓани тврдеа дека за време на протестите во Белград во саботата вечерта, полицијата користела таква алатка за разбивање на демонстрациите.
Како што пренесува Данас, Дачиќ синоќа изјавил дека овие системи се наоѓаат во магацини во кутии, дека се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, но дека не се пуштени во употреба, ниту се монтирани на некое возило или систем, пренесува Бета.
На прашањето зошто тогаш изјавил дека МВР не поседува „звучен топ“ или друго слично звучно оружје, министерот рече дека тоа е несмасна изјава.
„Тоа е несмасна изјава. Со тоа се мисли дека МВР не ја вклучи оваа алатка во својот арсенал на средства за присилба“, изјави Дачиќ за Данас.
Запрашан зошто државата однапред го „купила“ системот, кога не е дозволена нивна употреба, Дачиќ вели дека се работи за промашена инвестиција.
„Веројатно тогаш се мислеше дека ќе се донесе нов закон за полиција, кој исто така ќе предвидува употреба на звучно оружје како уште едно средство за принуда“, додаде тој.
Повеќе граѓански организации објавија дека контактирале повеќе од 3.000 граѓани кои биле сведоци на се уште неразјаснетиот инцидент на протестот „15 ЗА 15“ во Белград во саботата, при што биле предизвикани здравствени проблеми и физички повреди кај учесниците на протестот.
Шест невладини организации изјавија дека голем број граѓани пријавиле симптоми како вртоглавица, зуење во ушите, главоболки и дезориентација.
Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата Мариника Тепиќ објави фотографија од 15 март, на која, како што вели, се гледа џип на жандармеријата стациониран во близина на Домот на Народното собрание на Србија, на кој е прикажан уред кој личи на звучен топ LRAD 450XL.
„Властите ги загрозуваа животите на луѓето. Тие користеа звучни уреди што ги поставија низ градот. Го испразнија српскиот парламент за да можат без проблем да паркираат возила со LRAD 450XL“, рече Тепиќ во објавата на социјалната мрежа X.
Министерството за внатрешни работи, војската на Србија и претставниците на извршната власт негираат дека биле користени какви било средства за разбивање на демонстрациите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





