17 Декември, 2025
0.1270

Дали ако работите за минималец можете да си дозволите да одите на одмор?

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Повеќето граѓани се категорични дека ако работите за минимална плата од 18.000 денари, и при тоа немате екстра приходи или помош од некој друг член од семејството, не ни можете да заминете на годишен одмор.

Наведуваат дека поскапен е превозот, сместувањето, храната, буквално сè. Зависно од превозниците цените варираат, но повратен билет од Скопје до Охрид може да ве чини и до 1.130 денари, до Струга 1.000, а до Дојран 1.100 денари. Оваа сезона во македонските туристички центри во приватно сместување прашање е дали ќе може да се најде сметување по цена од 350 денари по лице.

„Цените лани беа 350 денари, а оваа година покачивме на 400 денари. Претходно, ако не 15, 12 години сигурно немаше корекција на цените за сместување. Но, не е само сместувањето, и транспортот е скап, храната исто. Со плата од 18.000 денари нема шанси еден човек да си дозволи одмор. Порано имав гости кои престојуваа по 10 дена во Струга, а сега доаѓаат на 3,5 или 7 дена. Мислам дека народот е сè посиромашен“, вели стружанка која издава соби и апартмани.

Во Струга кафето чини до 100 денари, а во Охрид за истото ќе платите поскапо.

„Јас оваа година наплаќам по 350 денари по лице, не ги зголемив цените, но искрено сметам дека со минимална плата еден работник нема шанси да замисли да оди на одмор. Тоа е невозможно ако нема некој друг приход освен плата. И ние дома гледаме дека за истите работи кои сме ги купувале и пред два месеци, храна, средства за хигиена, сега даваме по 2.000 денари повеќе“, објаснува охриѓанка од Пештани.

По цела година работа, одморот е повеќе од потребен, но оние кои немаат можности, ќе останат дома.

„Лани во август цените беа 350 денари по лице, а оваа година уште не сме почнале со туристи, и ќе видиме како ќе биде со цените, но тие ќе бидат покачени. Како за сите, така и за нас. Но, со минимална плата сметам дека е тешко да се отиде на одмор“, вели Славица Цветковска, која издава соби во Дојран.

Но, има и такви кои сметаат дека со правилно распоредување на средствата во текот на целата година, дури и оние кои земаат минималец можат да си дозволат скромен одмор.

Во Претор сместувањето за две лица чини од 800 денари па нагоре, зависно колку члена се, колку дена ќе останат и во кој период од летото доаѓаат. Но, ако готват, ако сакаат скромно да поминат, без ручеци во ресторани, мислам дека можат да си дозволат еден одмор“, додава жителка на Претор.

Во Македонија 57 проценти од луѓето не можеле да си дозволат годишен одмор, покажаа податоците на Евростат од претходните години. Во тој период оние македонски граѓани кои оделе на одмор, во просек дневно трошеле по 20 евра. Од март месец, минималецот се покачи на 18.000 денари, а минимална плата во државата примаат околу 80.000 работници.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас