06 Декември, 2025
0.0351

Дали би ја измиле косата со пиво?

Објавено во: Стил 21 Мај, 2014 19:56

Добивај вести на Viber

На пазарот се појави шампон за коса на база на пиво, кој сепак не мириса како овој популарен пијалок.

Кетрин Зета Џонс пред неколку години откри дека нејзината бујна коса ја негува со пиво кое го употребува како балсам.

Сега, меѓутоа, една американска козметичка куќа сака благодетите од пиво да ги направи достапни за пазарот, пишува Дејли Меил.

„Броо“ произведува препарати за нега на коса на база на пиво кои се богати со протеини, витамин Б и природно масло кое ја зајакнува косата. Наместо вода, „Броо“ употребува пиво како главна состојка, а потоа додава одредени емулзии според типот на шампон - за хидратација, за волумен и за мазност. Овие шампони чинат околу десет долаари и не оставаат карактеристичен мирис на пиво на косата. Напротив, мирисаат на јужно овошје ѓумбир, чоколада, ванила... Досега коментарите на корисниците се позитивни.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: