Дали би платиле коцка лед за 20 долари?
Објавено во: Стил 03 Ноември, 2014 20:38
Вашингтон сега е вистинското место за скапоцен и луксузен лед...
Овде можеби нема да ја пронајдете најскапата коцка лед, но сепак мора да платите. Уметнички сечен лед кој се става во пијачките. сега на ова подрачје станува вистински хит. Ресторанот кој го носи името „Секонд стејт“ една рачно сечена коцка лед ја наплаќа еден долар, доколку ја нарачате со виски, додека со коктели коцката лед може да чини и до 20 долари.
„Секонд стејт“ ресторанот својот лед го купува од „Favorite Ice“ компанијата, која рачно сече лед за околу 30 ресторани и кетеринг компани на просторот на Вашингтон. Тие на своите клиенти им продаваат преубаво и уметничко, рачно сечен лед, кој е направен од најчиста вода и кој побавно се топи.
Џо Емброуз, сопственикот на „Favorite Ice“ компанијата вели дека кога голем број барови и ресторани се одлучат на набавување на супериорен лед за да ја оправдаат високата цена на своите пијачки. Како вели тој, проблемот со мали коцки лед е тој, што за десет минути пијалокот станува раводенет и повеќе го нема својот првобитен вкус.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:








