Дали британскиот сој ќе ни донесе нови мерки?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Февруари, 2021
Британскиот сој на коронавирусот зема замав во земјава.
Комисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат последните случувања околу коронавирусот и ширењето на британскиот сој.
Кавадарци, Охрид и Прилеп се нови жаришта, каде британскиот сој го зголеми бројот на позитивни лица. Тие отскокнуваат со бројот на активни случаи во однос на другите општини. Бројките на заразени со денови се високи. Изминатите денови имаше над 500, но и над 700 заразени.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г), 3 пациенти од Прилеп (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г).foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.