19 Декември, 2025
0.2223

Дали буџетскиот ребаланс е антиразвоен и недомаќински?

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2016 18:23

Добивај вести на Viber

Од Социјалдемократскиот сојуз обвинија дека ребалансот на Буџетот е антиекономски и антиразвоен. „Економските и фискалните политики на Владата секојдевно во пракса доживуваат неуспех и се одразуваат негативно на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на македонското стопанство“ -  кажа пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ. Според него, ребалансот на граѓаните им носи нов долг од 345 милиони евра.

Од Министерството за финансии одговараат дека со предлог ребалансот на Буџетот ниту еден капитален проект не е скратен.

Од Министерството ги наведуваат проектите во кои се вложува како автопати, гасификација, болници, училишта, ученички и студентски домови, за рурален развој. Според Министерството за финансии и со ребалансот, капиталните инвестиции остануваат на историски највисоко ниво.

За кратењето на средствата за Државната изборна комисија, надлежните објаснуваат дека кога се правел Буџетот за 2016 година и кога беше усвоен во Собрание, во Изборниот законик имаше датум за избори, но тие на два пати беа откажани. Ако се закажат по трет пат избори ќе се обезбедат средства за спроведување на истите, додаваат од Министерството за финансии.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?