Дали дексаметазонот се користи за лекување на инфицирани кај нас?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Јуни, 2020
За дексаметазонот, директорката на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ вели дека го користела и дека имал позитивни ефекти.
Таа рече дека се следат препораките од целиот свет во однос на лекувањето.
Вели дека она што беше напишано и се појави во медиумите, е сумирано од искуство на голем број пациенти.
Светската здравствена организација ќе ги обнови упаствата кои ќе се однесуваат за третман на пациентите болни од корона вирусот со тешка клиничка слика, за да ги утврдат сознанијата и резултатите од големата клиничка студија која покажа дека дексаметазонот може да ја намали смртноста кај оние кои се лекуваат, а се во животозагрожувачка состојба.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.