Дали доволно внимаваме на екологијата?
Објавено во: Економија 03 Март, 2016 08:25
Град со чисти улици, зелени урбани парцели импресивна и одржлива транспортна мрежа, еколошки одговорни жители кои го селектираат отпадот во три одделни кеси. Во посебен контејнер биоразградливиот отпад, посебен за пластика и за стакло. Во градот има повеќе центри за собирање отпад, така што Љубљана брзо цели кон тоа да биде град со најголем процент на рециклиран отпад во Европа. Тука речиси се се компостира, и на крај рециклира. За само десет години износот на отпад кој се селектира пораснал од 16 на 145 кг по жител, така штоЉубљана многу брзо ќе биде град со нула отпад.
Го посетивме и модерниот регионален центар за управување со отпад кој се карактеризира со најмодерни технологии за складирање на отпадот, со минимално влијание врз животната средина, каде доаѓа собраниот отпад од цела Словенија, каде се ситни и просејува, се одвојуваат тешките фракции од органскиот отпад, а биоотпадот се користи за производство на квалитетно гориво за цементната индустрија или за одгледување на растенија. Во овој центар 150.000 т отпад годишно се селектира, додека 21.000 т биоотпад се рециклира.
Воодушевени од тоа што го видовме, неминовно си го поставивме прашањето каде сме ние, нашиот главен град, нашата Македонија во имплементацијата на еколошките стандарди. Какви се еколошките навики на нашите граѓани, нашите компании, на институциите, колку тие се однесуваат одговорно.
За жал кај нас нецелосно се спроведува дури и законот за управување со пакување и отпад од пакување! Станува збор за еден еколошки закон кој за главна цел има почиста животна средина и исполнување на националните цели кои предвидуваат до 2020 година над 60% од масата на амбалажниот отпад да се рециклира или енергетски искористи. Исполнувањето на овие цели е и еден од предусловите за влез на Македонија во ЕУ. Согласно овој закон, сите компании кои произведуваат или увезуваат производи во Македонија, должни се да се приклучат кон организиран систем со кој отпадот од амбалажата на нивните производи ќе се собере и однесе на рециклирање или енергетско искористување.
Но, според наши извори дел од компаниите колективни постапувачи со амбалажен отпад веќе две години по ред од Министерството за екологија добиваат негативна оцена за своето работење, не ги исполнуваат националните цели, а се толерираат и оставаат да работат. Тие со тоа стануваат нелојална конкуренција и ги девалвираат останатите компании. Дали Министерството на ова реагира?. Како за споредба, годинава на две компании со слична дејност во Бугарија, неодамна им беше одземена лиценцата.
Со ова не само што се доведуваат во заблуда компаниите-загадувачи со амбалажен отпад, туку и директно се оштетува буџетот на Р.Македонија и се оневозможуваат активностите за да имаме почиста животна средина.
За да имаме иднина, треба сите одговорно да се однесуваме!. Граѓаните да го селектираат отпадот, институциите да се грижат за негово селектирање и рециклирање, а компаниите загадувачи да плаќаат соодветен андоместок за тоа. Животната средина е неповратен ресурс. Ако еднаш ја уништиме, тешко повторно да ја повратиме. Затот сите ние треба да биде одговорни, и секој во својот домен да придонесува.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




