05 Јануари, 2025
0.0276

„ДАЛИ ДРАНГО ИМА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ ОРУЖЈЕ?“: Анима Мунди бара детална истрага за сликите со мечката

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

По објавата дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго е сликан со убиена мечка, случај за кој Битолското обвинителство оформи предмет, и за кој се огласи самиот Дранго посочувајќи дека мечката не ја убил, туку згинала по удар во сообраќајна несреќа, со остра реакција од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. 

Веста дека од страна на Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, сликан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија е добар чекор кон разрешница, доколку сакаме да се наречеме правна држава - посочуваат од здружението. 

Сепак, од таму укажуваат дека „преку дадените изјави, Сашо Дранго ја инволвира и институцијата во која е функционер, како и луѓето кои работат таму, а кои нема да дозволиме да послужат како параван“.

- Имајќи предвид дека во билтенот на МВР не постои податок на сообраќајна несреќа со мечка за месец декември, како и дека во случај на таква постапка има строго дефинирана процедура согласно Законот за дивеч и ловство и Законот за заштита и благосостојба на животните – не смее да се постапува без МВР; како и дека мечката не е на пат туку во шума, и дека волку големо животно нема начин да се поместува за сликање, освен доколку е свежо убиено, невкочането (се уште топло), очекуваме брзо согледување на реалната состојба, брзо постапување и најстрога казна - нагласуваат од здруженеито. 

Притоа бараат да се провери дали во месец декември постои пријава за убиство на мечка во некоја од надлежните институции или пак ОЈО. И прашуваат, дако има пријава, дали службеници од МВР и пратеници се труделе да го сокријат случајот?

- Воедно бараме од министерот за внатрешни работи да провери и информира јавноста, дали Дранго кој на сликиве го гледаме во ловечка униформа, наоружан со снајпер и двоглед, има забрана за користење оружје и истото му е одземено во предходна постапка, т.е. дали овој снајпер кој го гледаме сите е држен спротивно на закон? - заклучуваат на крајот од „Анима Мунди“. 

Здружението вчера објави фотографии од земеник директорот сликан со убиената мечка, што ја разбранува јавноста, но поттикна и реакции од обвинителството.

Фото: Анима Мунди

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?

ЗА БАДНИК СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ: Што треба да направите ако ви се падне паричката?

ЗА БАДНИК СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ: Што треба да направите ако ви се падне паричката?

„ЈАКНАТА МИ МИРИСАШЕ НА ОТРОВОТ, А МИРИСАШЕ И КРЗНОТО НА КУЧИЊАТА“ - актерот Тони Михајловски реагира зошто се однесуваме како да не ни пречи загадениот воздух

„ЈАКНАТА МИ МИРИСАШЕ НА ОТРОВОТ, А МИРИСАШЕ И КРЗНОТО НА КУЧИЊАТА“ - актерот Тони Михајловски реагира зошто се однесуваме како да не ни пречи загадениот воздух

КЛАСНАТА И ДИРЕКТОРКАТА БАРААТ „СРЕДЕНА“ ФРИЗУРА, КОМИСИЈАТА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ГИ ПРЕДУПРЕДИ - ученик бил принуден сам да си го среди опавчето на косата

КЛАСНАТА И ДИРЕКТОРКАТА БАРААТ „СРЕДЕНА“ ФРИЗУРА, КОМИСИЈАТА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ГИ ПРЕДУПРЕДИ - ученик бил принуден сам да си го среди опавчето на косата

ЕКС ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ СЕ ВРАТИ ВО „СТАРОТО ЈАТО“ - рамо до рамо со видни вмровски функционери на пуштањето во употреба на новиот пат

ЕКС ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ СЕ ВРАТИ ВО „СТАРОТО ЈАТО“ - рамо до рамо со видни вмровски функционери на пуштањето во употреба на новиот пат