ДАЛИ Е ИЗБРЗАНО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД УТРЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ - од ЈСП велат, треба да се свесни за опасноста
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2020
Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од утре пензионерите ќе можат повторно да се возат бесплатно во градските автобуси.
Како што е познато, се до разгорувањето на опасниот коронавирус, бесплатни денови за пензионерите беа вторник, петок, сабота и недела. Оваа мерка ја донесе претходната власт, но сегашната не ја укина, туку се продолжи со овозможување на постарите лица бесплатно да ги користат услугите на јавниот градски превоз.
Сега, после повеќе од два месеци како пензионерите не можеа без да плаќаат да се возат во автобусите, од утре, тие повторно ќе ја имаат оваа привилегија.
Фактор го праша ЈСП Скопје дали ЈСП некого консултирале за да ја донесат одлуката токму од утре да се врати во сила можноста за бесплатен превоз на пензионерите во градските автобуси, односно, дали била консултирана Комисијата за заразни болести, Градот Скопје и Владата, и ако биле, какви биле нивните мислења? Се интересиравме и кои биле законските основи врз основа на кои се донесе оваа одлука, дали постоел некој акт или пропис што го обврзувал ЈСП да мора токму од утре да го врати во сила бесплатниот превоз за пензионерите?
Исто така, го прашавме дали при носењето на оваа одлука се размисли дека повозрасните граѓани кои ќе користат бесплатен превоз, се токму најризичните категории во врска со коронавирусот, односно тие најлесно заболуваат и кај нив се најопасни последиците од ова заболување, но и дали не можеше да се почека макар еден месец, или повеќе, за да се намали бројот на новозаразени од коронавирусот, па потоа да се врати во сила бесплатниот превоз.
Од ЈСП велат дека во ниту една ситуација поврзана со вирусот КОВИД-19 одлуките не ги носат сами, туку во консолтација со надлежните институции. Конкретно за пензионерите, се оценило дека треба да им се овозможи да ги извршуваат своите потреби, а за кои по потреба, се користи и јавниот превоз.
Но, потенцираат дека не само пензионерите, туку и сите граѓани, треба да бидат свесни за своето здравје, како и од опасноста од вирусот.
Превентивно, токму за посочената категорија граѓани како една од
најризичните, беше укината можноста за бесплатно користење на јавниот превоз во
одредените денови, која траеше повеќе од 2 месеци“, објаснуваат од градското сообраќајно претпријатие.
Но, додаваат, со олабавување на мерките, препораката беше времената забрана да се укине, како посочената категорија лица би можела да ги извршува своите секојдневи потреби, притоа по потреба да го користи и превозот.
„Имајќи предвид дека секој е свесен за своето здравје и
опасноста од вирусот, ЈСП Скопје очекува дека не само посочената категорија лица,
туку, воопшто сите корисници на јавниот превоз, ќе го користат превозот
рационално, притоа користејќи соодветна заштитна опрема за заштита од Ковид 19“, се вели во одговорот кој Фактор го доби од ЈСП.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.