Дали е точно дека Хитлер избегал во Аргентина?
Објавено во: Свет 21 Мај, 2018 20:25
Теориите за тоа дали Адолф Хитлер заминал во Аргентина се решени.
Тим француски научници добија пристап до остатоците од Хитлер односно до неговиот череп и заби од Русија . Тие во Москва ги истражија остатоците и утврдија дека тој се самоубил со цијанид во Берлин во 1945 година.
„Сега сите теории на завера мора да престанат. Не побегнал во Аргентина, не се криел во тајна база на Антарктикот, ниту на темната страна на Месечината” - вели професорот Филип Шарлие.
Тој заедено со четворица колеги наодите ги објавија во научното списание European Journal of Internal Medicine.
Француските научници утврдиле и дека на забите на Хитлер немало никакви трагови од месни влакна, а имало големи наслаги камен што е доказ дека тој бил вегетаријанец. Минатата година Руската тајна служба им дозволи на француските научници да ги проучуваат остатоците на Хитлер што се чуваат во Државниот архив во Москва, што од 1946 не му било дозволено никому.
При проучувањето на черепот е утврдено дека нема барут во устата и дека Хитлер си пукал во главата од чело. На забните протези е најдено обојување и тоа укажува на труење со цијанид, откриле француските научници, кои беа претходно вклучени во испитувањето на мумифицираното срце на кралот Ричард.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




