ДАЛИ ГЕРМАНИЈА Е САМО МАМКА ЗА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Земјата добива нова „пониска класа“?
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2023 11:17
Иако за многумина е „сон“ да заминат на работа
во Германија, во тоа најчесто се спречени со тоа што немаат ЕУ пасош, виза,
работна дозвола - воопшто, бирократија и документација.
Сепак, се чини дека и за оние кои одат во Германија, тој „сон“ не е секогаш онака како што го очекувале и замислувале. Генерално, поедноставениот влез на странски работници во Германија, кои се нискоквалификувани и слабо платени, може да создаде „нова послаба класа“ во земјата, велат експертите од најголемата европска економија.
„Работата во секторот со ниски плати често е замка наместо отскочна даска за странските работници“, наведуваат авторите на студијата објавена вчера од Советот на експерти за интеграција и миграција (СВР).
Сè на сè, анализата со која се занимава Советот се заснова на планот на германската влада да им обезбеди на странските работници осум месеци работа годишно, без оглед на нивните квалификации.
Јасно е дека оваа велесила со месеци, па и со години се соочува со сериозна криза на работна сила: тоа е дефицит од неколку десетици илјади експерти од различни области, но пред се од оние со помали плати. Министерот за труд Хубертус Хајл и шефицата на дипломатијата Аналена Бербок деновиве престојуваат во Јужна Америка каде, меѓу другото, се залагаат за доаѓање негувателки и квалификувани работници во Германија.
Раководителот на проектот СВР, политикологот Холгер Колб изјави дека одредени сектори во Германија како градежништвото, земјоделството, прехранбената индустрија и домашната нега не можат да опстанат без странци. Но, работат за мизерни плати и под најтешки услови, без можност за напредување, стои во студијата на СВР.
Затоа, Колб препорачува странските работници да добијат целосни информации за правата и механизмите за заштита. Дополнително, тој вели дека треба да се дозволат групни тужби.
ФОТО: Unsplash/Claudio SchwarzМожеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




