СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка
Објавено во: Економија 25 Април, 2025 17:45
Се зголемуваат платите кај северниот сосед. Српските работници се приближуваат кон просечна заработка од скоро 900 евра. Просечната нето плата во Србија во февруари изнесувала 883 евра.
Просечната нето плата за февруари годинава била 103.519 динари (883 евра), а просечната бруто плата, вклучувајќи ги даноците и придонесите, изнесуваше 142.908 динари (1.219 евра). Податоците денеска ги објави српскиот Завод за статистика.
Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-февруари 2025 година, во споредба со истиот период лани изнесува 11,1 процент номинално или 6,2 проценти реално.
Во споредба со истиот месец лани, просечната бруто и нето заработка за февруари годинава е номинално поголема за 10 проценти, а во реалност за 5,3 проценти.
Македонија пак има просечна плата околу 700 евра. Македонските плати се на дното во регионот.И во Хрватска има пораст на просечните плати. Просечните плати во Хрватска се 1.416 евра.
foto freepik.com/EyeEm
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




