13 Мај, 2025
0.0256

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

Објавено во: Економија 25 Април, 2025 13:12

Добивај вести на Viber

Периодот на „масовно“ градење и отворање на класичните молови во Скопје, но и во другите поголеми градови, се чини дека веќе е завршен, па бизнисмените кои го вртат капиталот во недвижнини се насочуваат кон Retail парковите како алтернативни шопинг-центри кои вообичаено ги има крај населените места.

Последен кој најавува ваква инвестиција е штипскиот бизнисмен Кирил Гогов, поранешниот сопственик на Кит-Го синџирот на маркети што беше продаден на албанската „Вива Фреш“.  Сега Гогов го гради „Симбол Ретаил Парк“ кај булеварот „Братство Единство“ во Струмица. Инвеститор е Кит-Го Инвест Штип. Оваа инвестиција на својата интернет страница веќе ги најавува првите брендови.

Во употреба од скоро веќе е пуштен „Набизи Ретаил Парк“ кај индустриската зона во Струга. Сопственици се познатите браќа бизнисмени Насуф и Камбер Бизати. Компанијата „Бизати“ е позната по трговијата со метална стока и е една од најуспешните во Струга. Освен шопинг-центар, комплексот треба да има и бензинска пумпа и забавно-рекреативен центар.

Пред два месеци најавена беше и изградбата на најголемиот ритејл парк во Скопје. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веќе го претстави како проект во Пинтија - Home Retail Park. Инвеститор е Голден Арт, градежната компанија на Ивица Јаќимовски. Претставен е како нов „центар за паметно купување и место каде семејствата ќе можат да го уредат својот дом на наједноставен и најудобен начин“.

Агентите кои што ги контактиравме велат дека за ваква инвестиција се потребни најмалку 10 милиони евра и дека овој концепт на продажба досега се покажал како доста успешен. Велат дека овие паркови се фокусирани на потребите на целото семејство што лесно може да дојдат до него со автомобил. Тие претставуваат алтернатива на трговските центри во центарот на градот.

„Вообичаено, станува збор за објект на едно ниво, без подруми и катови, коишто се составени од низа засебни локали поврзани во една целина. Таа целина најчесто е во облик на буквата П, во којашто се влегува директно од надворешното окружување што го чинат достапни сообраќајници со паркинг простор и голема зелена површина со пешачка зона. На посетителите им се нуди доволен број паркинг места, висока функционалност и атрактивна понуда на домашни и меѓународни брендови“, тврдат консултантите.

Инаку во ритејл парковите најчесто се наоѓаат продавници што нудат мебел, облека и обувки, мали апарати за домаќинство и голем супермаркет. Се простираат на поголема површина од околу 5.000 метри квадратни најмалку.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

Самит Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Самит Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Мицкоски се сретна со криптовалутерот Девасини

Мицкоски се сретна со криптовалутерот Девасини

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

САД И КИНА ПОСТИГНАА ДОГОВОР: Ова е одлука за царините

САД И КИНА ПОСТИГНАА ДОГОВОР: Ова е одлука за царините

Финансиско друштво со три милиони евра направи добивка од 1,2 милиони евра

Финансиско друштво со три милиони евра направи добивка од 1,2 милиони евра

Мицкоски од Самитот Македонија2025: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

Мицкоски од Самитот Македонија2025: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз