18 Мај, 2024
0.0273

Дали ги знаете овие детали за милијардерите?

Објавено во: Стил 22 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Имињата на светските милијардери се понзати, но има неколку факти за нив кои веројатно сепак не сте ги знаеле: 1. Вкупно 1.645 милијардери, колку што има денеска во светот, заедно контролираат богатство од 6,4 билиони американски долари. 2. Само во САД има 492 милијардери 3. По САД, најмногу милијардери има во Кина, Русија, Германија и Бразил 4. Дури 99% од милијардерите во светот се мажи, 65% се белци, а 60% се постари од 60 години. 5. Во 2012 година милијардерот Шелдон Аделсон, директор на корпорацијата Лас Вегас Сандс, потроши 93 милиони долари на политички активности против кампањата на Барак Обама за втор мандат 6. Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг донирал 900 милиони долари на различни организации во Силициумската долина. 7. Седум милијардери отворено признале дека се хомосексуалци. Џенифер Прицкер (некогаш Џејмс) е првиот милијардер транссексуалец. Минатата година таа донираше 1,35 милиони долари на Иницијативата за поддршка на транссексуалците во американската армија. 8. Соколку најбогатиот човек на светот Бил Гејтс би бил држава, тој би бил 65-тата најбогата држава во светот. 9. Најбогата жена на светот е Кристи Волтон, сопственичка на популарните маркети Волмарт. 10. Дури 42% од милијардерите коис е збогатиле пред да наполнат 40 години, тоа го направиле во сферата на технологијата.