18 Мај, 2024
0.0308

Дали Гркот од „Стопанска банка“ би се откажал од пола милион евра дивиденда?

Објавено во: Економија 28 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Предлогот на Надзорниот одбор на скопска „Стопанска банка“ една приоритетна акција да се замени за две обични акции предизвика раздвижување на трговијата со таа акција на берзата. Клучното прашање  дали може да ја биде таа работа е зошто најголемиот акционер во „Стопанска банка“ би отстапил пола милион евра, кои сега ги зема во дивиденда, на нови акционери на обични акции?

На претстојното акционерско собрание на скопска „Стопанска банка“ стигна предлог да се направи конверзија на приоритетни акции во обични акции во сооднос два наспрема еден. Тоа значи една приоритетна акција да се замени со две обични акции издадени од „Стопанска банка Скопје„. Ова значи дека, ако најголемиот акционер грчката банка НБГ гласа за предлогот, секој акционер што на пример имал 100 приоритетни акции ќе добие 200 обични акции. 

Калкулацијата е многу лукративна и привлечна за правење лесни и брзи пари. Затоа што пред објавата на предлог-одлуката приоритетната акција на „Стопанска банка Скопје“ се тргуваше по цена од 600 до 700 денари. По објавата на одлуката таа неколку дена по ред растеше за максималните 10 отсто (во континуитан режим на тргување) и допре цена од 1.200 денари за акција. Оваа новина за конверзијата значајно ги зголеми апетитите на трејдерите на нашата берза и ја донесе цената на приоритетната акција до ниво од 1.200 денари. По достигнувањето на зенитот акцијата падна за стотина денари и сега повторно се врати до ниво од 1.200 денари за акција. Математиките дека за 1.100 денари може да купиш акција која ќе произведе уште една акција и ќе се изедначи со обичната која сега чини над 1.000 денари е многу лукративно и привлечно. Тоа значи дека со влог од 1.100 денари за неполни два месеци ќе добие вредност во акции од околу 2.050 денари по сегашни цени. Тоа е навистина привлечно.

Секој инвеститор што мисли или веќе купил приоритетни акции во „Стопанска банка“ треба да има јасен одговор на прашањето зошто најголемиот акционер, грчката НБГ банка би гласала за овој предлог? Затоа што без нејзиниот глас не е можна конверзија. А ако НБГ Банка изгласа конверзија тогаш тоа значи дека своеволно се откажува од 500.000 до 600.000 евра кои сега ги добива на име дивиденда на своите обични акции во таа банка. Зошто да гласа за нешто што ќе и носи помала добивка односно ќе и направи загуба на средства кои сега ги зема. 

А како ќе и направи штета? Така што сегашните 244.000 приоритетни акции кои се сопственост во најголема мерка на домашни физички лица ќе ги направи 488.000 акции кои ќе станат обични акции и на кои ќе треба да исплаќа дивиденда односно дел од дивидендата што сега ја исплаќа на 488.000 акции помалку од бројот акции на кои би исплаќала по конверзијата. 

Навистина, зошто НБГ банка би гласала за ваква конверзија која ќе и произведе помала идна дивиденда?

Дали е незаконски пренос од резерви на сметка на капитал?

Предлог одлуката за конверзија во нејзиното образложение предвидува дека цитираме „ зголемувањето на номиналната вредност на приоритетните акции на 402,2 денари би се направил со пренос 500.376,8 денари алоцирани од резервите на сметка на капиталот на Банката“ Од анализата на нашата регулатива произлегува дека овој маневар не е легален затоа што не може да се однесува само на еден род акции односно да ги фаворизира приоритетните за сметка на обичните акции.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра