„ДАЛИ И ДИРЕКТОРОТ УЗУНЧЕВ Е ДЕЛ ОД ШЕМАТА СО ПРОВИЗИИ“: Левица обвинува за криминал во ЕСМ
Објавено во: Економија 29 Јули, 2025 10:04
Политичката партија Левица денеска со нови тврдења за „скандалозни тендери во најголемиот државен загубар АД ЕСМ, со кое директорува Лазо Узунчев“. Од паријата велат дека новиот скандалозен тендер во вредност од над 2 милиони евра е поврзан со битолската компанија „Руд Коп”, која како што посочуваат е под истрага за криминал.
- Во февруари финансиска полиција извести дека поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски со соработниците во комбинатот и со помош од вработени во Бирото за јавни набавки, успеале да наместат тендер за ископ, со кој фирмата „Руд Коп ДООЕЛ Битола” се стекнала со противправна имотна корист од речиси 3 милиони евра, со што бил оштетен и државниот буџет.
За криминалот кој се случувал во РЕК Битола финансиската полиција поднесе кривични пријави против седум лица, а само два месеци подоцна, директорот на ЕСМ - Узунчев доделува милионски тендер повторно за ископ на истата фирма која се товари за криминал тежок 3 милиони евра - велат од Левица во соопштението испратено до медиумите.
Поради тоа од паријата прашуваат како фирмата „Руд Коп” воопшто конкурирала на оглас за јавна набавка за ископ во РЕК Битола, кога против истата во тек е истрага за милионски криминал поврзан токму за ископ во РЕК Битола? Зошто оваа битолска компанија нема негативна референца од Бирото за јавни набавки, кога битолскиот суд замрзна и дел од имотот на „Руд Коп”?
- Дали и директорот Узунчев е дел од шемата со провизии со фирми кои се товарат за сериозен криминал, додека во јавност го обвинува претходното раководство за катастрофалната состојба во која бил оставен АД ЕСМ?!
Својата неспособност Узунчев не може повеќе да ја крие позади претходните раководства, додека тој продолжува да дели милионски тендери на фирми за кои ДПМНЕ тврдеше дека се блиски на СДС и за кои се води истрага за милионски криминал - нагласуваат од Левица.
На крајот од соопштението од партијата ги повикаа надлежните институции, вклучително ОЈО и финансиската полиција, да истражат како раководството на АД ЕСМ доделува тендери на фирми кои се сомничат за сериозен криминал и под замрзнат имот, додека ова претпријатие само во три месеци бележи загуба од катастрофални 45 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




