Дали има раздор меѓу Путин и Лавров, Песков ја реши дилемата
Објавено во: Свет 07 Ноември, 2025 20:59
Руските власти тврдат дека нема раздор во нивните редови.
Велат дека извештаите во западните и украинските медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин го пуштил „низ вода“ рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се целосно лажни.
„Нема ништо во овие извештаи што одговара на реалноста“, рече Песков на прес-конференција, пренесува ТАСС.
Одговарајќи на прашањето дали Лавров е сè уште на функцијата, Песков рече дека „Лавров работи како министер за надворешни работи“.
„Москва Тајмс“, медиум со седиште во Холандија, вчера објави дека Путин го отстранил Лавров и дека министерот исчезнал од јавноста откако САД ненадејно го откажаа предложениот самит со Русија во Будимпешта, објавува европскиот „Политико“.
Според веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, Лавров последен пат се појавил јавно на 28 октомври, кога учествувал на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, главниот град на Белорусија.
foto EPA/MAXIM SHIPENKOV
Можеби ќе ве интересира
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица




