19 Април, 2024
0.0303

Дали Имер Алиу е џокерот за новото владино мнозинство?

Објавено во: Анализа 10 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Имер Алиу, еден од главните луѓе во ДПА кој се смета за десна рака на претседателот Мендух Тачи, според повеќе албански медиуми е блиску до премин во ДУИ кој може да биде директен со повлекување и на членство, но и неформален, односно да ја даде поддршката во собранието на Република Македонија со учество во парламентарното мнозинство. 

Ваквата вест секако постои голема шанса е да се искористи и да и се нанесе штета на актуелната владина коалиција која се уште е на тенки нозе по вториот изборен круг бидејќи Алијансата за Албанците не ја доби потребната поддршка од СДСМ за своите кандидати за градоначалници, туку коалицираше со БЕСА.

Таквиот опозициски потег го стави ДУИ во помалку поволна положба и на изборите мораше повеќе да се помачи за да издвои победа, како и да се потпре на гласовите на СДСМ, секако со неформалната соработка со ДПА. Тогаш Ахмети и Тачи негираа дека се договориле за заеднички настап во вториот круг на локалните избори и го отфрлија блефот кој го одигра БЕСА и нивните поддржувачи од албанскиот блок. Прашањето за Алиу и неговото можно играње со ДУИ или СДСМ е најболно за Алијансата за Албанците, особено делот кој дојде од Движењето за реформи во ДПА предводено од Зијадин Села и Арбен Таравари. Токму нивниот претходен судир со Мендух Тачи ги прави неговите соработници и доста верни луѓе како Имер Алиу многу проблематични и тешко дека би прифатиле негово учество во владата со своја партиска структура од тоа што преостана од Демократската партија на Албанците. 

Алиу беше еден од најгласните албански пратеници кој често ги напаѓаше токму ДУИ дека недоволно ги бранеле интересите на Албанците, но откако ДПА бледееше на политичката сцена немаше „свеж“ материјал за собраниската говорница, а подоцна имаше и заладени односи со Тачи.

Се шират информации дека токму Алиу доста силно агитирал за кандидат на ДУИ на последните избори и дека блиску соработувал со Агим Нихуи кој е актуелен заменик министер за внатрешни работи во Владата на РМ; но беше многу активен и во изборната кампања давајќи им поддршка на повеќе кандидати на ДУИ.


Засега е малку познато како ДПА ќе продолжи да функционира. Тие освоија едно градоначалничко место во Слупчане што и не е така лошо споредено со само една градоначалничка функција на БЕСА, но се далеку од позициите кој подолг период ги имаа како главни опозиционери на ДУИ. 

Јасно е дека Села и Таравари посакуваат финална партиска пензија на Мендух Тачи кого го нарекуваат вечен политичар, а потоа можеби ќе се подоотвори вратата за преостанатите членови со што ќе се комплетира почетно започнатиот процес уште во ДПА-ДР. 

Таа динамика секако би била нарушена со „рикошетот“ на Алиу но, можеби токму тоа е и целта да се изјалови целата операција за Влада без Алијансата и нејзините три пратеника кои беа клучни за целосното мнозинство и да се надеваат од СДСМ премногу на резервната варијанта дека ДПА може да влезат од клупата во игра.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!