19 Декември, 2025
0.0669

ДАЛИ ИРАН ДИРЕКТНО ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИЗРАЕЛ: Илјадници на погребот на лидерот на Хамас во Техеран

Објавено во: Свет 01 Август, 2024 09:59

Добивај вести на Viber

Илјадници луѓе излегоа на погребот во Иран на политичкиот шеф на Хамас Исмаил Хани, кој беше убиен во напад во Техеран во средата.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги води молитвите, а телото на Ханије потоа ќе биде пренесено во Катар, каде што живееше во последните години, и таму ќе биде погребано.

Американските медиуми ги цитираа иранските власти дека врховниот лидер наредил директен напад врз Израел, кој според нив е одговорен за нападот на иранска територија.


Израел директно не го коментираше атентатот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата земја им задала „страшни удари“ на своите непријатели во последните денови, наведувајќи го убиството на висок командант на Хезболах во Либан.

Тој не го спомна убиството на Исмаил Ханије.

„Претстојат предизвикувачки денови“, ги предупреди Нетанјаху Израелците.

„Од нападот во Бејрут (убиство на командантот на Хезболах), слушнавме закани од сите страни“, рече тој во телевизиско обраќање.

„Подготвени сме за секое сценарио и ќе бидеме обединети и одлучни.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на „опасноста од ескалација“ на непријателствата во регионот.

Вооруженото крило на Хамас рече дека смртта на Ханије, кој се смета за генерален лидер на групата, „ќе ја однесе битката во нови димензии“ и ќе има далекусежни последици.

Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела