19 Декември, 2025
0.0410

Дали Комисијата за заштита на конкуренција ќе одговори на клучното прашање за „Макпетрол“?

Објавено во: Економија 19 Август, 2016 07:46

Добивај вести на Viber

КЗК ќе испита дали има концентрација на Макпетрол на македонскиот пазар во трговија во нафтени деривати и во пренос и снабдување на природен гас при што треба да утврди дали Макпетрол има монопол или доминантно пазарно учество на тие пазарни сегменти. Ако се утврди концентрација превземањето се доведува во прашање? Како и да е целата постапка ќе потрае заради тоа на КЗК ќе и треба барем два месеци од сега за да ги заврши процесите на анкетирање на заинтересирани страни и донесување одлука

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) се вклучува во постапката во која Балкан Петролеум сака да го превземе Макпетрол.

Ова значи дека утврдувањето на сите законски предуслови за отварање на постапка за превземање на Макпетрол ќе трае дополнителен временски период во кој ќе треба свое мислење да даде и КЗК.

Државната КЗК на 17 август на својата интернет страница објави дека примила известување од Балкан петролеум потенцијалниот превземач во кое се бара да се испита дали постои концентрација на Макпетрол на пазарите за продажба на нафтени деривати, на пренос на гас преку ГА МА, на телевизискиот пазар преку сопственоста врз Телма, на снабдување со гас преку Макпетрол пром Гас ДООЕЛ кој е единствен снабдувач на македонскиот пазар со природен гас.

Ако се утврди концентрација тоа значи дека ќе треба да се постапува по Законот за заштита на конкуренцијата при што можно е да се внесат нови елементи кои можат да влијаат врз потенцијалната понуда за превземање на Макпетрол за што треба да одлучи Комисијата за хартии од вредност, но откако ќе се произнесе Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Ова е линк од документот на КЗК http://www.kzk.gov.mk/mak/zapis1.asp?id=1560&kategorija=13

Известувањето , многу веројатно по укажување на КХВ, е доставено од Балкан петролеум до КЗК и тоа на 4 јули, а е дополнувано во два наврати на 26 јули и на 4 август. По приемот на Известувањето КЗК преку прелиминарно испитување утврдила дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата.

Заради тоа од 17 август тече рок од 10 дена во кој сите заинтересирани трети страни треба да достават мислења и забелешки до КЗК. Која потоа ќе одлучува и ќе донесе решение. Иако е неизвесно што ќе следи јасно е дека процедурата ќе потрае.

Заради тоа што ако се сетиме за случајот со спојувањето на телефонските оператори ВИП и ОНЕ знаеме дека КЗК се произнесе по два месеци од комлетирање на документацијата и завршување на анкетата.

Вклучувањето на КЗК два и пол месеци по објавата на намера за превземање укажува на тоа дека постои незнање или несинхронизација кај брокерите, адвокатите и претставниците на Балкан петролеум. Токму тоа што КЗК не е консултирана порано и со време значи дека некој или не ја познава постапката или се обидел да ја заобиколи, но неуспешно.

Пролонгирањето значи во најмала рака зголемување на трошоците за процедурата за превземање, зголеување на рокот на важење на банкарската гаранција и други дополнителни трошоци.

Засега нема да шпекулираме дали вклулувањето на КЗК може да донесе до тоа да се утврди доминантна положба на Макпетрол на пазарите за трговија на мало со нафтени деривати или во снабдување со природен гас каде што тоа е единствената фирма снабдувач, а од друга страна е и сопственик на половина од капиталот во Га Ма фирмата за пренос на природен гас. Што ако КЗК наложи Макпетрол да продаде неколку бензински пумпи или да одвои дејност снабдување и пренос на природен гас?

Останува да видиме како ќе оди процесот...

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка