ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2025
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата „мим“ криптовалута пред неговата инаугурација закажана за 20 јануари, објавија денеска американските медиуми.
Овој потег е најновиот потфат на Трамп во областа на криптовалутите, во врска со кои тој вети за време на неговата кампања дека ќе го регулира нејзиниот пазар.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека го користи овој „мим-токен“ за да ја прослави својата победа на претседателските избори и претстојната инаугурација.
Во првата фаза ќе бидат издадени 200 милиони од овие монети, а во следните три години тој број ќе се зголеми на една милијарда, наведува Аксиос.
Криптовалутата наречена ТРАМП предизвика силна реакција на пазарот на криптовалути. За помалку од еден час, еден трговец остварил неверојатна добивка од 20 милиони долари во првиот час од објавувањето.
Фото: Принтскрин твитер