Дали на Баерн му се заканува ефектот на „снежната топка?“
Објавено во: Спорт 18 Октомври, 2016
Со години Баерн го „всмукуваше“ целиот воздух од Бундеслигата и го контролираше целосно првенството и ривалите. Токму така помина и целиот период на Пеп Гвардиола (2013/16) во Минхен. Ова време, сепак брзо помина кај неговиот наследник Карло Анчелоти, или барем така изгледаше до октомври 2016 година. Претставувањето на баварците како тоа за 2:2 против Ајнтрахт го гледаме најчесто во април и мај, кога првенството одамна веќе е решено.
Во моментот изгледа како на баварците да им станало премногу удобно. Анчелоти беше пофален за лежерното однесување во првите недели во Минхен. А по 3 години на диктат, под водство на Пеп кој е манијак на тема „успеси“, оваа промена беше сметана за добро дело.
Но вистината е дека без Гвардиола и без секогаш незадоволниот спортски директор Матијас Замер се појави дупка. Затоа и не треба да се чудиме дека шефот Румениге го смени тонот во Франкфурт. Капитенот Филип Лам и Томас Милер исто искажаа силни зборови. И во право се, потребна е интервенција.
Да, не е страшно на одиграш две последователни ремија во Бундеслигата и да изгубиш натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Но начинот на кој се случија овие работи, нема начин како да не нѐ тера размислуваме. Многу ретко во последните години се случило ривал да добие толку простор и да создаде толку шанси, колку што имаше во саботата Ајнтрахт.
Во исто време и нападот на Баерн во многу случаи бил далеку поостар. Томас Милер е целосно „аут“ и нема гол во првенството од почетокот на сезоната, а Левандовски престана да бележи по третиот круг. И единствениот баварски голгетер, на кого може да се потпре во моментов е ... Кимих.
Во таква ситуација на Баерн му се заканува ефектот на „снежната топка“.
„Гледаш? И ние имаме шанси против Баерн“, би требало да помислат многу од помалите тимови, кои до пред оваа сезона претпочитаа да заработуваат казни и да си ги чистат жолтите картони или да ги одмараат главните играчи токму против Баерн.
Во саботата Анчелоти најави дека ќе има „последици“ по слабите натпревари на тимот во последно време. Како експерт во ЛШ, неговата главна задача останува да ги доведе Баварците до голем триумф во јуни следната година. Тој, сепак, би требало да е свесен дека поради приказните кои ги кажува, може да биде нападнат рано-рано, ако не ја врати контролата над настаните во Бундеслигата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.