25 Ноември, 2024
0.0297

Дали „Нептун“ наплаќа двојна камата при купување на рати со картичка?

Објавено во: Економија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Дали компанијата за продажба на техничка стока „Нептун“ им наплаќа двојна камата на муштериите кои купуваат со картичка на рати? Примерот на кој ни укажа еден потрошувач отвора сериозни дилеми, кој треба да биде сигнал за соодветните инспекции и државни институции да направат контрола на нивното работење.

Имено, откако потрошувачот побарал износот да го плати со картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна камата од 5 отсто. Оваа нова давачка, која ја зголемила цената на производот, никаде не била објавена, со што на потрошувачот му била наплатена друга, повисока, цена од јавно истакнатата цена на производот, што е законска обврска за трговецот. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“ и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

При ваков тип на плаќање, вообичаено е трговецот само да ја провлече картичката на ПОС терминалот и да го внесе бројот на ратите, а купувачот да го потпишеслипот, на кој има информации за бројот на рати, и со тоа да ја потврди трансакцијата. Веднаш потоа, банката прави резервација на целиот износ од кредитната картичка и секој месец ќе одзема една рата од износот на клиентот. Но, трговецотќе го добие целиот износ од трансакцијата без да чека на дополнителни одобрувања, што би било случај ако купувачот зема класичен банкарски кредит, за кои се потребни низа документи.

На нашето прашање зошто на потрошувачот му е наплатена камата, од „Нептун“ ни одговорија:

- Купопродажбата на производот на наведената фискална сметка е реализирана со Diners картичка на 5 рати со камата. Во наведениот периодот за купување на 5 рати со Diners картичка се пресметува камата во висина од 5 отсто- изјавија во „Нептун“.

Но, во „Нептун“ останаа неми на нашето дополнително барање да ни го достават документот врз основа на кој во наведениот период за купување на 5 рати со Diners картичка се пресметува камата во висина од 5 отсто.

Од друга страна, нејасно е како „Нептун“ пресметува камата кога не е финансиска институција и истата ја впишува во фискална сметка кога каматата не подлежи на ДДВ. Она што е најсимптоматично е дека на фискалната сметка стои дека износот е платен во готово, иако тој бил наплатен со картичка и на рати.

- По однос на описот на начинот на плаќањето истото се врши со избор на самиот оператор (плаќање во готово или плаќање со картичка). Во зависност од начинот на плаќање, обврска на операторот е да го избере начинот на плаќање- ни одговорија во Управата за јавни приходи на прашањето дали е исправна фискалната сметка издадена во овој случај.

Од Народна банка на Македонија побаравме објаснување дали „Нептун“ може да пресметува камата, но оттаму изјавија дека тие се надлежни за работата на банките, додека контролата на трговските друштва не спаѓа во нивен домен.

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија за овој случај рекоа дека е евидентно дека има низа недоследности и го повикаа купувачот, а и другите кои се соочиле со сличен проблем, да се обратат кај нив за бесплатна стручна помош.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување