Дали ова е најпотценетата валута во светот?
Објавено во: Економија 11 Декември, 2025 16:41
Моделите на „Голдман Сакс“ и други организации покажуваат дека фер вредноста на кинеската валута е околу пет јуани за долар, додека моментално се тргува по 7,06 јуани за долар.
Банката го смета јуанот за многу добра инвестиција бидејќи во моментов е поевтин отколку што треба да биде за стабилна кинеска економија, објавува „Блумберг“.
Голдман Сакс го отфрла ставот дека зајакнувањето на јуанот би ја загрозило извозната конкурентност на Кина, а претставникот на оваа организација, Тереза Алвес, истакнува дека валутата е толку потценета што дури и значителното зајакнување на валутата нема да го ослаби кинескиот извоз.
Трговскиот суфицит на Кина надмина трилион долари во првите 11 месеци, а некои земји се загрижени дека Кина може да ги преплави нивните пазари со вишок производство и со тоа да ги загрози локалните индустрии.
Голдман Сакс предвидува дека зајакнувањето на јуанот ќе биде поддржано и преку конкурентни девалвации во други земји погодени од растот на пазарниот удел на Кина.
Покрај тоа, силниот суфицит на тековната сметка на Кина дополнително ќе изврши притисок врз зајакнувањето на нејзината валута, додаваат експертите, пренесуваат српските медиуми.foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници
Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место
Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба
Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок
ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности
Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица
(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија
ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење
Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра




