15 Декември, 2025
0.5239

„Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага?“: СДСМ за истрагата со пари од ИПАРД

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2025 12:21

Добивај вести на Viber

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага? Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно до врвот во власта. 
Оваа го објави денеска опозициската партија СДСМ од каде тврдат дека „повеќе од јасно е дека овој скандал не е изолиран случај, туку само ја потврдува системската корупција која ДПМНЕ ја воспоставило во агенцијата“.

- Тоа не е изненадување, историјата не учи дека секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, секој скандал или злоупотреба е со амин на раководство на партијата.

Еве како се поврзани сите во скандалот од власта за што мора итно да има проширување на истрагата.

Имено, Илија Стоилев додека ја вршел функцијата Директорт на Агенцијата за финансиска поддршка, бил и активен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе.

Она што е интересно е дека Стоилев е близок пријател на Игор Миќев викан Панкерот кој пак е во кумска односно кумашинска врска со премиерот Христијан Мицкоски - пишува во соопштението на СДСМ. 

Потоа додаваат дека „од информациите кои ги добиваме од свиркачи, вработени во Министерството за земјоделие, токму Панкерот, кумот на Христијан Мицкоски, се однесувал деспотски во министерството вршејќи притисоци врз вработените за распределба на средства за субвенции и концесии“.

- Од она што е доставено до нас од овие свиркачи токму кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми и притисоци во министерството. Затоа, според истите информации и тој требало да биде опфатен со истргата.

За ситуацијата да биде уште посериозна, кумата на Мицкоски и сопруга на Панкерот е вработена во Агенцијата за финансиска поддршка од каде според информациите кои се доставени до нас, без нејзино одобрение не се пуштала ниту една исплата на парите од ИПАРД програмите - пишува СДСМ. 

Од таму додаваат: Денес Христијан Мицкоски директно треба да одгвори.

Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?

Дали имало провизии и дали дел од провизиите завршувало кај него или во ВМРО-ДПМНЕ?

Од СДСМ исто така посочуваат дека објавувале изминатата година дека во Агенцијата се случува буквално кражба, рекет и мито на секој чекор, но сега тоа излезе на виделина.

- Дали оваа шема на испумпување пари била начин за финансирање на Мицкоски и партијата?

Понатаму, дали и колку пари од субвенции се испрани или е побарано мито за да бидат исплатени?

Дали кумот на Мицкоски бил човекот кој вршел рекет врз земјоделците преку негови луѓе во Агенцијјата за финансиска поддршка?

Бараме истрагата за овој случај одма да биде проширена од страна на обвинителството. Бараме да се истражат сите други злоупотреби кои се случувале во агенцијата и во сектор земјоделие за кои укажувавме дека е едно од најкорумпираните сектори откако ДПМНЕ дојде на власт.

Во целиов скандал јасно е само дека земјоделците кои што инвестирале се најголемите жртви на партиските криминални шеми за ИПАРД 3 - се нагласува на крајот од соопштението. 

 

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“