19 Декември, 2025
0.0923

Дали почнува нова валутна војна?

Објавено во: Економија 11 Април, 2018 06:10

Добивај вести на Viber

Се работи за ситуација во која државите намерно ги слабеат валутите за да го поттикнат извозот и да го намалат увозот на производи и услуги, пишува Poslovni.hr.

Како што американскиот претседател Доналд Трамп почна трговска војна за царина за производи од одредени земји, така враќа и Кина која најави дополнителни мерки. 

Според светските медиуми, Кина сега го анализира слабеењето на јуанот во однос на доларот. 

Тоа значи дека освен трговска, на светот му се заканува и валутна војна. 

Австралискиот долар кој ги чувствува промените во глобалната економија, за само пет минути на платформата Admiral Markets ослабна за 0.4 проценти, што е многу за тој валутен пар. 

На пример ако еден германски автомобил чини 100.000 евра, а курсот долар - евро е 1.30, тогаш цената во САД му е 130.000 долари. 

Ако курсот намерно политичарите го срушат на 1.10, тогаш тој ќе чини 110.000 долари. Поради овој факт тој веројатно и повеќе би се продавал на пазарот. 

Тоа би довело до поголем извоз на автомобили од Европа во САД, а со тоа во Европа ќе има и повеќе нови работни места.  

Во исто време тоа негативно ќе влијае на пазарот во САД, производството на автомобили и на економијата. 

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?