Дали поевтин лек секогаш значи полошо лекување?
Објавено во: Колумни 01 Август, 2025 08:00
Автор: Филип Ачкоски, М-р по фармација со 20 годишно регионално искуство во развој, набавка, продажба и маркетинг на: лекови, додатоци во исхраната, медицински помагала и козметика. Топедукатор.
Кога ќе слушнеме дека одреден лек е поевтин од
другиот, инстинктивната реакција често е искажување на скепса:
„Зошто е толку евтин?“„Дали е помалку квалитетен?“, „Дали е еднакво ефикасен?“,
Но дали пониската цена навистина значи и полошо лекување?
Во оваа колумна ќе разгледаме зошто поевтиниот лек не мора секогаш да биде лош избор – но и во кои ситуации навидум „поевтиното“ може да излезе многу поскапо на долги патеки.
Разлика меѓу цената и вредноста на лекот
Цената е паричниот износ што се плаќа за лекот. Вредноста, пак, е она што пациентот и системот го добиваат за тие пари:
- ефикасност,
- безбедност,
- практичност на употреба (важно за долгорочната комплијанса на пациентот),
- и долгорочен позитивен ефект врз здравјето.
Практично инфо:
Поевтин лек може да биде одличен избор ако е ефикасен
и добро се поднесува од страна на пациентот. Класичен пример: примена на
генерички лек наместо оригинатор.
Но ако терапијата не делува или предизвикува несакани ефекти, тогаш
вистинската цена – и за пациентот и за системот – расте експоненцијално.
Генерички лекови – честа тема на недоверба
Во многу случаи, поевтините лекови се генерички еквиваленти – исти активни супстанции, иста форма, но произведени од друг производител по истекот на патентот на оригиналниот лек (оригинатор).
Сепак мора да се знае дека, генеричките лекови минуваат низ строги регулаторни проверки, со кои се потврдува: биоеквиваленција со оригиналниот препарат, што во пракса подразбира ист ефект на активната супстанција на лекот и добар безбедносен профил на лекот.
Забелешка:
Во развиените здравствени системи, над 80% од користените лекови се генерици, со цел да се намалат трошоците без притоа да има компромис за квалитет на лековите.
Когапоевтиниотлекстануваскапагрешка?
И покрај сето наведено, има случаи кога избирањето на најевтиниот лек може да се покаже како проблематично:
- ако има слаба апсорпција кај одредени пациенти,
- ако пациентот има алергиски реакции на некои помошни супстанции,
- или ако не се зема предвид ефикасноста во реалната клиничка пракса.
Некои болести – како епилепсија, трансплантациски процедури, одредени онколошки или психијатриски состојби – бараат прецизно терапевтско следење, каде дури и мали варијации може да направат разлика. Во такви случаи, „поевтиното“ носи ризици.
Факт:
Истражувања покажуваат дека пациентите кои се често префрлувани од еден на друг генерик, покажуваат недоверба кон лекарите и имаат намалена комплијанса кон терапијата и, што го зголемува ризикот од влошување на болеста.
Македонски контекст
Во Македонија, со години наназад, со цел да се ‘’одбрани’’ ограничениот здравствен буџет, најголем број на болници
и институции како единствен параметар во тендерските постапки ја имаат најниската
цена (се разбира за ист лек)!?!.
Тоа, иако е разбирливо од буџетски аспект, во пракса често доведува до:
- честа промена на добавувачи/брендови,
- нестабилен/неурамнотежен квалитет на лековите,
- и недоверба и фрустрација кај лекарите и пациентите.
Системот мора да почне да гледа и кон терапевтската вредност и долгорочната исплатливост, не само кон иницијалната цена.
Пример:
Замена на иновативен лек за астма со поевтин генерик, кој на пример има инхалатор со поинаков механизам на апликација може да доведе до лошо користење од страна на пациентите. Ефектот- повеќе напади, итни интервенции – и повисоки трошоци на крајот на денот.
Заклучок
Поевтиниот лек не е автоматски полош, но не секогаш е
најисплатливиот избор.
Паметното здравствено управување значи:
- анализа на цена во однос на вредноста на терапијата,
- следење на исходите од терапијата во пракса,
- и грижа за конзистентност и квалитет кај крајниот корисник – пациентот.
Клучна порака:
Поевтиниот лек е добар избор – само кога не ја загрозува ефикасноста, сигурноста или долгорочниот исход. Во спротивно, станува најскапата можна грешка.
Во здравствениот систем, како и во бизнисот, никој не сака да плаќа повеќе од потребното. Но исто така – никој не сака да вложи во производ што не носи резултат.
Затоа, политиката „најниска цена по секоја цена“ мора
да се напушти.
Мораме да преминеме кон модел на вредносно базирано здравство, каде
поевтин лек е добредојден, но само ако нуди резултати. Тоа е одговорност и кон
буџетот, и кон пациентот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





