19 Декември, 2025
0.1354

Дали решението на Европа е без еврото?

Објавено во: Свет 20 Март, 2013 16:17

Добивај вести на Viber

Еврото веќе некое време не функционира и Грманија мора да ја врати марката, тврди група економисти од партијата Алтернатива за Германија. Европската унија може да остане,но без еврото, вели првиот човек на новата партија- универзитетскиот професор Бернд Луке. Политички партии на евроскептици и еврокритичари во принцип не се нова вест, но тоа наскоро би можело и да се промени. Партијата Алтернатива за Германија зад која стојат група економисти се позиционира во изборната година со програма за укинување на еврото. Новата партија нема ниту недела дена, а се чини дека веќе е слободна да предизвика потрес на германската политичка сцена. Според испитувањата на јавното мислење, дури четвртина од анкетираните изјавиле дека на есен можат да го дадат својот глас за Алтернативата за Германија. Целта на оваа партија е постепено и контролирано укинување на еврозоната во текот на петте наредни години. По истекот на тој рок, еврото би било историја, а државите членки би се вратиле на старите валути. Оваа партија ужива голема медиумска популарност, можеби и поради фактот што во неа не членуваат политичките десничари. Првиот потег на новата партија доколку ја добие довербата од граѓаните ќе биде промена на Европскиот договор, кој би овозможил на земјите кои тоа го сакаат на правно регулиран начин да ја напуштат Унијата. Макроекономистот Луке смета дека кризта предизвикана со враќањето на марката ќе има полама штета, отколку онаа што ќе се случи доколку еврозоната продолжи да постои. Според него, германската марка не би се појавила во облик преку ноќ, туку полека би се воведувала и за неа е замислено постоење паралено заедно со еврото во текот на следните пет години. Истата процедура потенцира тој,  би важела и за останатите земји од еврозоната. За да се ублажи шокот од промената која може да следи. Долговите на медитеранските членки на Европската Унија во првиот квартал драматично ќе поскапат, бидејки и понатаму ќе се водат во евра, но според Алтернатива во тие земји истовремено ќе дојде и до поголемо производство што би значело повеќе данок и поголема вработеност. Оваа партија во Германија се претставува како партија која се бори за централните граѓански вредности. Симпатизерите Алтернатива ја нарекуваат либерална, додека противниците и наметнуваат десен популизам. Прогнозата на германските и аустриски експерти е: Алтернатива најпрво ќе и ги земе гласовиоте на Меркел, отколку на опозиционите социјалдемократи. Сепак Луке тврди дека оваа проценка не е вистина и дека социјалдемократите исто така треба да се“ тресат од страв “ како и конзервативците.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја