19 Декември, 2025
0.0415

Дали решението за името ќе ја „експлодира“ берзата?

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2018 07:05

Добивај вести на Viber

Познавачите на пазарот кои тврдат дека актуелните позитивни поместувања во цените и прометот се должат најмногу на политички случувања,очекуваат и во следниот период да имаме позитивни „вибрации“ на пазарот за хартии  од вредност. Експертите со кои разговаравме велат дека евентуален исчекор кон решение за името и деблокадата на евроинтегративниот пат на Македонија, уште летово ќе се пресликаат на пазарот во раст на прометот, но и  на цените. Сепак се внимателни во прогнозите, па дел од нив сметаат оти позитивните очекувања на некој начин веќе влијаеја на пазарот. Статистички, минатата недела беше една од најдобрите, додека само во мај прометот на Македонска берза се зголеми за фантастични 47 проценти во однос на претходниот месец.

„Дел од акциите беа потценети, а фирмите имаа добри резултати. Ако има решение за деценискиот спор или ако само се наѕира, тогаш тој оптимизам уште дополнително може да серефлектира на пазарот. Регионалните берзи одработија добро во изминатиов период, ние стагниравме, па сега некако има постепено будење иако можам да потврдам дека инвеститорите се внимателни, вели Лазе Камчев, директор на КД Фондови.

Тој вели дека, од друга страна, растот на вкупната економија во земјата не е сјаен, како и што покажаа статистичките податоци, што остава простор да не се очекуваат промени преку ноќ.

„Освен извозно ориентираните компании, сите други кои котираат на берзата се друштва кои работат во Македонија, а македонскиот пазар е многу плиток. Тоа мора да се земе в предвид, вели Камчев.

Васко Митев пак, директорот на брокерската куќа Илирика вели дека досега сите очекувале да се случи позитивен исчекор, но дека ако има некои конкретни поместувања на политички план тоа дефинитивно ќе биде значаен психолошки стимул за инвеститорите.

„Иако влијаат повеќе фактори меѓу кои и кварталните резултати, билансите, дивидендите, па и ниските камати на штедењето во банките, сепак сметам дека најголемо влијание на пазарот овде сепак имаат политичките случувања. Во услови на деблокада очекуваме раст на цените на акциите за 15 до 20 отсто од сегашното ниво до крајот на летотото. Ќе има и повеќе инвеститори, вели Митев,

Според податоците од месечниот биланс за мај, индексот МБИ 10 е за 17,04 проценти повисок од состојбата на крајот на минатата година.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии