Дали СДСМ ќе има заеднички претседателски кандидат со ДУИ?
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2023 17:49
На следните претседателски избори, кандидатот на Европската коалиција, на концепцијата и политичките партии кои се залагаат за интеграција на Северна Македонија во ЕУ ќе биде победничкиот кандидат и ќе биде избран за претседател на државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој не одговори директно дали СДСМ ќе има заеднички претседателски кандидат со ДУИ како што пред неколку дена најави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
„Подоцна, на парламентарните избори коалицијата која е за европска Македонија ќе ја формира повторно следната влада во државата. А во однос на конкретниот настап на изборите тоа останува да биде дел од еден коалициски договор кој се прави врз основа на програма, кој се прави врз основа на коалициско усогласување и врз основа на усогласување на систем на вредности од повеќе коалициски партнери, но ниту една опција не е исклучена во тој дел“, изјави Ковачевски.
Ковачевски рече дека во Македонија постојат два политички концепти, европски фронт во кој се владините коалициони партнери и втор концепт кој се залага за блокада и изолирана државата и повторување на 11-годишната изолираност, со стандард помал од денес, со нарушени односи со соседите и ниту еден милиметар помрданати во евроинтеграциите.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски месецов изјави дека е рано да разговара за тоа дали би бил кандидат за претседател.Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




