Дали „Скопски пазар“ гордо тоне?
Објавено во: Економија 07 Септември, 2016 08:30
Компанијата за шест месеци изгуби 31 отсто од приходите од продажба, нејзините оперативни расходи се повисоки од приходите од продажба, а вредноста на недвижниот имот е намалена за 755,5 милиони денари. Што се случува во „Скопски пазар“?
„Скопски пазар“, една од најголемите трговски малопродажни ланци во Скопје најголем конзумен регион во земјава и понатаму продолжува да ја губи својата пазарна позиција. Билансите на компанија покажуваат дека компанијата во првите шест месеци годинава во споредба со истиот период лани има пад на приходите од продажба за 31 отсто ! Односно тие изнесуваата 350 милиони денари и во споредба со истиот период лани се помали за повеќе од 150 милиони денари.
Споредбата на приходите од продажба и оперативните расходи покажува негативен износ односно расходите се повисоки од приходите што секако дека е силен аларм за тревога особено за компанија чија основна дејност е продажба и рентање на деловен простор.
Од билансите се гледа дека „Скопски пазар“ губи пазарни позиции што значи дека конкурекцијата на „Кам“, „Тинекс“, „Веро“ и другите ланци веќе сериозно ги загрозува. Единствена причина заради која во првото полугодие компанијата успеала да прикаже добивка се останатите оперативни приходи кои изнесуваат 41 милиони денари и влијаат на биланост во таа мерка да кога ќе се одземат и финансиските расходи сепак останува нето добивка по оданочување во износ од 17 милиони денари. Сепак добивката на полугодие не е 17 милиони денари туку е одвај 4 милиони денари заради тоа што во билансот на успех се јавува расход кај ставката нето останата сеопфатна добивка.
Алармантна ставка се и финансиските расходи кои надминуваат 20 милиони денари и сите тие се всушност расходи за каматите што ги плаќа „Скопски пазар“ за својата кредитна изложеност. Рака на срце ти се пониски за 4 милиони денари во однос на истиот период лани, но сепак тоа е намалување, во услови кога драстично паѓаа и каматните стапки воопшто. Очигледно дека кај „Скопски пазар“ и не даваат банкарите поголемо намалува на каматите што сепак е некаков сигнал за неговиот рејтинг.
Многу важен податок од неговиот биланс на состојба вредноста на недвижностите е намалена за 45 отсто односно за 755,5 милиони денари до ниво од 931 милиони денари. Веројатно акционерите знаат за што станува збор и имаат информации за снижената вредност на нивниот недвижен имот.
Дали се работи за продажба на деловен простор или за амортизација? Или можеби нешто трето. Ова е објаснувањето од компанијата, но одговорот не најјасен (цитираме): Материјални средства и вложувања во недвижности: Од вкупното намалување од (43)%, на материјалните средства, (40)% се должи на извршено усогласување според МСС на дел од евидентираните материјалните средства кои се издаваат под наем со 31.12.2015 година и нивно прекнижување како вложувања во недвижности на вкупен износ од 699.062 илјади мкд.
Од продажбата на дел од недвижен имот со која е остварена капитална добивка, обезбедени се ликвидни средства за намалување на обврските и за нови набавки за подобрување на работењето.
Од билансот на состојба евидентно е дека во ставката вложување во недвижности има нова вредност од 691,3 милиони денари што укажува дека „Скопски пазар“ инвестирал во недвижности во исто време кога продава недвижности.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




