07 Октомври, 2024
0.0258

Дали спорот за името набрзо ќе биде решен?

Објавено во: Македонија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Димитров и Коѕијас  ќе имаат заедничка средба со поредникот на ОН Метју Нимиц во обид да ги приближат ставовите за изнаоѓање прифатливо решение за спорот со името.
Министрите средбата ќе ја одржат во Виена на 30 март.

Коѕијас е најавено во четврток да пристигне во Македонија, кога и ќе се разгледува содржината на двете нацрт-спогодби, онаа што Македонија ја испрати во Грција, и грчката што беше испратена во Македонија. И двете содржат предлог-решенија за постигнување договор за решение на овој спор, во кои како што рече министерот за надворешни работи Никола Димитров има разлики.

„Грчката нацрт-спогодба е предмет на анализа во овој период. Секогаш кога комуницираме преку медиуми работата се компликува. Чесно е да кажам дека има разлики и се надеваме дека ако мислиме заеднички на една цел ќе успееме тие разлики да ги надминеме“, порача Димитров.

Премиерот Зоран Заев потврди дека грчката нацрт-спогодба е пристигната во Скопје, како што и македонската е испратена во Атина. Тоа, според него, треба да биде алатка која може да помогне, а не да одмогне на процесот на подготовка на преговорите што ќе продолжат во Виена на 30 март.

Објавувањето на информацијата дека и Македонија испратила нацрт-спогодба до Грција следеше откако Коѕијас во Брисел, по советот за надворешни работи на ЕУ, изјави дека текст што ги содржи грчките предлози и агенда за идна соработка бил испратен деновиве до Скопје.

Никос Коѕијас, според најавите, се очекува во четврток и петок да биде во Скопје.

„Посетата е важна бидејќи Коѕијас доаѓа на нашиот аеродром што значи мерка на доверба и исчекор кон пријателството што го создаваме. Ќе има серија состаноци меѓу министрите за надворешни работи и работните групи“, рече македонскиот премиер Заев во врска со посетата.

Според него, ваквите билатерални средби можат да бидат само помош на преговарачкиот процес што се води под покровителство на ОН, во функција на изнаоѓање решение, а не одложување.


Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме