Дали светот треба да се плаши од намалениот Кинески раст?
Објавено во: Анализа 12 Јуни, 2013
Дали ќе Ви направи разлика ако Ве удри воз кој се движи со 120 или 80 км на час?
Веројатно не, бидејќи резултатот ќе биде ист и во двете варијанти. Некои економисти токму така ги објаснуваат ефектите од забавениот раст на кинеската економија. Кога гледаме како берзите реагираат на информација од типот “Кинеската економија со раст од еден процент помал од предвиденото”, се прашуваме зарем е можно толку да е големо влијанието на Кина. Факт е дека Кина во голема мера влијае на дополнителната потрошувачка во светот. Благодарение на кинеската економија се трошат повеќе суровини, се конзумира повеќе храна се троши повеќе електроника и слично. Кина увезува суровини да создаде ефтини производи кои светот ги бара и да ја задоволи неговата жед. Сепак глобалната криза се чувствува и врз Кина која е еден партнер скоро на секоја земја во светот. Не пости економија која нема нешто увезено од Кина. Е сега кога земјите со кои Кина работи имаат проблем, нормално е тој проблем да се одрази и кај неа. И се одразува...со стапки на раст кои се помали од предвидените, но сепак доволно големи земјата да расте и да се развива. Впрочем иако втора по вкупен БДП, Кинеската економија генерално (гледано во БДП по глава на жител) е сеуште сиромашна економија. Гледано по паритет на куповна сила нејзиниот БДП по жител е околу 10.000 долари или слично како нашиот. Сепак темпото на раст е рапидно и големината на номиналната економија од осум трилиони долари делува исклучително моќно и јасно е зошто толку многу очи се насочени кон оваа земја. Сепак доколку долгорочно ги гледаме работите можеби светот нема потреба да се плаши доколку растот во Кина малку забави. Впрочем и за западот веројатно не би било на одмет доколку Кинеското општество стане повеќе потрошувачко, отколку што е во моментов. Кинеската економија за разлика од развиените западни економии во моментов најмногу зависи од индустријата и од извозот на производи. Доколку со текот на времето луѓето повеќе трошат и создадат поголем животен стандард, несомнено тоа ќе им ги смени навиките, но и ќе биде повод за развивање на нови бизниси. На пример Кина преку политиката на едно дете низ годините предизвика нејзиното население на старее и на долг рок тоа за нацијата може да биде загрижувачко, затоа за очекување е таа политика да се смени. Кинескиот бејби бум може да отвори сосема нов простор за постоечките фирми, но и за нови кои би сакале дел од колачот. Од раѓањето на оваа нова генерација, па се до нејзината старост ќе бидат потребни индустрии кои ќе ги задоволуваат нивните потреби. На пример бејбиситери, конзоли за играње игри, прехрабена индустрија, училишта, високо образование итн. Промената во Кина веќе се чувствува, платите мора да го следат животниот стандард и конкуретноста можеби со тек на време ќе се намали и тоа ќе предизвика мал пад на БДП. Луѓето ќе сакаат да трошат повеќе, да одат одмор и да прават работи кои порано не ги правеле. Но во крајна линија, нема ништо лошо во тоа. Мал пад на БДП за сметка на доброто на сите. Редакција Фактор* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.