Дали ВМРО-ДПМНЕ гласаше за суспендирање на партијата на Орбан?
Објавено во: Македонија 21 Март, 2019 14:10
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска на прес-конференција остана резервиран на новинарското прашање дали претставниците на најголемата опозициска партија гласале за привременото суспендирање на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, од Европската народна партија ЕПП.
Мисајловски одговори дека најдобро е да се причека делегацијата да се врати и детално да одговори точно за што се гласало за секое прашање поединечно. Во Брисел на самитот на најголемото политичко семејство во Европа составено од десничарски демохристијански партии се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и пратениците Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.
Во речиси анонимно гласање со 180 гласови вчера беше суспендиран Фидес поради авторитарното, евроскептично и анти-имигрантско владеење на Орбан.
Во Будимпешта престојува Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, откако доби азил по бегството од двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




