ДАЛИ ВОДИТЕЛКАТА БЕСМИРА ЕЈУПИ ЌЕ ОДИ НА ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА, НА ИСПОМОШ ВО ГЕРМАНИЈА - не стана конзулка, но добива нов ангажман

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2024 06:07
ТВ водителката Бесмира Ејупи која пред две години не успеа да стане конзул, сега доби дипломатска мисија со потпис на министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи, тврдат извори во МНР за порталот Експрес.
Како што објави порталот, министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи вчера потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот.
На списокот е и ТВ водителката и новинарка Бесмира Ејупи, што тој во 2022 година сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста.
Под притисок од медиумите Османи во септември 2022 година призна дека Ејупи била префрлена во МНР од Министерството за политички систем кое го водеше Артан Груби.
Тој тогаш рече дека Ејупи била вработена затоа што имало потреба од педесетина нови вработувања заради пензионирање на дел од персоналот.
Прашањето за Бесмира Ејупи стана актуелно откако почнаа да кружат информации дека се размислува за нејзино назначување за конзул во Њујорк и во друг случај кога истовремено била ангажирана и земала плата од Државното правобранителство и неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12.000 евра, објави тогаш ТВ21.
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ЕУ И МАКЕДОНИЈА: Ова е како да укинувате смртна казна, а викате ај уште овој да го егзекутираме

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Ученици нападнале вработена во училиште

ВЕЛИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Николоски кажа кога ќе го потпишат Договорот за стратешко партнерство со Британија

„ДЕНОВИВЕ ЌЕ СЕ ЗНААТ ИМИЊАТА НА МИНИСТРИТЕ И ЗАМЕНИК МИНИСТРИТЕ“: Касами за прегрупирањата, „Влен“ и официјално една партија

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЃОРЃЕ ИВАНОВ ЌЕ РАБОТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА - еве каков меморандум беше потпишан

„РЕШЕНИ СМЕ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО КРИМИНАЛНИТЕ БАНДИ И ДА ГИ НАПЛАТИМЕ СИТЕ ДВАЧКИ КОН ДРЖАВАТА“: Николовски вели поднеле 85 кривични пријави

ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ТАРАВАРИ: Еве ја пратеничката група на ВЛЕН

РОКОТ Е ШЕСТ МЕСЕЦИ, ПОТОА ЌЕ ВАЖАТ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Датум за старт на новите правила за влез во ЕУ, се уште не е познат

НА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПРЕД ИЗБОРИ, ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: Уставен укина два члена, еве кои се тие
